(Фото) 18 лица хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“

Се зголемува бројот на родители, роднини и пријатели пред Градската општа болница „8 септември“ во обид да добијат информација за состојбата на своите најблиски. Тука, според последните информации, има 18 пациенти. Забележливи се и екипи на Црвениот крст. Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен …

Continue Reading

Тошковски: 59 загинати, 155 повредени во пожарот во дискотека во Кочани

59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотека во Кочани. Повредени се 155 лица, изјави пред малку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од загинатите идентификувани 35 лица, од кои 31 се од Кочани и 4 од Штип. „Досега се извршени разговори со 10 хоспитализирани лица, со еден член од групата ДНК. Распишана е централна потерница …

Continue Reading

(Видео) Благојчо Георгиев од Кочани: Кој даде дозвола таа шупата таму да работи, дискотека да се нарекува

Благојчо Георгиев од здружението „Хендикеп“ во видео-снимка објавена на социјалните мрежи кажа дека изолацијата во дискотеката во Кочани била направена од најевтини материјали и прашува кој ја дал дозволата за работа и дали некој направил контрола. „Само што почна пожарот, почнаа да ми стигнуваат видеа. Нека почиваат во мир душите на трагично загинатите во Кочани во дискотеката. Помеѓу нив имам …

Continue Reading

Јанаки Митровски: До кога?! Кој му дал лиценца за дискотека во несоодветен објект…

Сите трагедии кои ни се задесија, од Стајковци, преку модуларната Тетово, Беса транс се до последната се директна последица на нашиот кукавичлук. Не креваме глас, живееме во комфор зона, немаме емпатија и чувство на солидарност, на ниво на политички амеби сме. За Стајковци никој не беше виновен што шумата на селото како природна брана беше соголена бесправно, за модуларна кабелот …

Continue Reading

Хаотична трка во Мелбурн – Норис победи пред Ферстапен и Расел

Возачот на Мекларен, Ландо Норис славеше на трката за ГН на Австралија, со која започна овогодинешниот шампионат во Формула 1. Британецот го постигна петтиот триумф во кариерата на патеката Алберт Парк, со девет десетинки предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој заостануваше седум и пол …

Continue Reading
Амбасадорот од Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР

Герапетритис разговарал со Муцунски, изразил подготвеност Грција да обезбеди помош во врска со несреќата во Кочани

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, утринава телефонски разговарал со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во врска со несреќата во Кочани. На својот македонски колега му изразил сочувство за жртвите во несреќата во која загина 51 лице, а околу 100 други се повредени. Шефот на грчката дипломатија, како што јавуваат локалните медиуми, за време на телефонскиот разговор …

Continue Reading

(Видео) Пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина

Во моментов пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина. Црвениот крст донесе вода. https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/03/c647bfdf-ab92-4f46-afdf-9c30d94ee709.mp4 Рампите за паркинг се кренати, паркирањето е бесплатно. Во оваа болница се хоспитализирани 29 пациенти. Сиљановска Давкова во изјава за медиуми пред „Св.Наум Охридски“ изрази уверување дека повеќето што се повредени …

Continue Reading

Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Oпштина Гази Баба во координација со Владата на Република Македонија, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ обезбедува сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје. На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните …

Continue Reading

(Видео) Денвер Нагетс загубија од најлошиот тим во НБА лигата

Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаја шокантен пораз на домашен терен од најлошиот тим во лигата, Вашингтон Визардс 123:126. Ова е втор пораз на Денвер од Вашингтон оваа сезона. Нагетс не играат добро оваа сезона и тоа е јасно. Премногу осцилираат, па им се случува да губат и кога Никола Јокиќ ќе постигне 40 поени. Србинот имаше и 13 скокови и …

Continue Reading