(Видео) Орбан: Европа мора да ја зајакне одбраната, но моќта треба да остане во рацете на земјите-членки, а не на Брисел

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, на социјалните мрежи објави дека неговите состаноци во Франција потврдиле дека иако постојат различни мислења за тоа како да се постигне мир, постои согласност за потребата од зајакнување на одбранбените способности на европските земји. „Овие напори треба да ги зајакнат земјите-членки, а не бирократите во Брисел“, нагласи Орбан. Тој ја истакна исклучително блиската соработка со Франција …

Continue Reading

Марк Одермат веќе обезбеди еден Кристален глобус

Марк Одермат, 27-годишениот швајцарски скијач, го обезбеди првиот Мал кристален глобус оваа сезона во Светскиот куп. Математички стана најдобар во супер-џи. Во Квитфјел, Норвешка, за време на тренинзите во спуст, неговиот единствен ривал, италијанскиот скијач Матија Касе, доживеа сериозен пад со што ја заврши сезоната. Откако бил пренесен во болница, му била констатирана фрактура на лактот, поради што Италијанецот веднаш …

Continue Reading

Се намалува бројот на грипозни, но и последнава недела е со рекорден број новозаболени споредена со изминатите 14 сезони

Бројот на новозаболени од грип се намалува во споредба со минатата недела, но ако се спореди со истата недела изминатите 14 сезони, бројот на новозаболени е рекорден. Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска попладнево соопшти дека изминатава недела е регистриран уште еден смртен случај на заболен од грип. „Во текот на деветтата недела во 2025 година, од 24.02 …

Continue Reading

Во Општина Ѓорче Петров 2.465 м² нови подови во основните училишта

Во продолжение на напорите за подобрување на условите за образование, градоначалникот Александар Стојкоски изврши увид во тековните активности за реновирање на подовите во основните училишта на територијата на општината. Во фокусот на вниманието беа подрачното училиште на ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ и ООУ „Мирче Ацев“, каде што се реализираше замена на оштетените подови. Вкупно 2.465 квадратни метри подови ќе бидат …

Continue Reading

Важна е поддршката за Украина, но и одржувањето добри односи со САД, смета Шолц

Германскиот канцелар во заминување, Олаф Шолц, рече дека денешната средба е клучна за да се обезбеди континуирана поддршка за Украина, но ја истакна и важноста од одржување добри односи со САД. Шолц, исто така, ги коментираше плановите на идниот канцелар Фридрих Мерц за зголемување на трошоците за одбраната, „вклучувајќи ги и уставните промени“, додавајќи дека политичкиот консензус за ова прашање …

Continue Reading

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го отповика привремениот правен статус на 240.000 Украинци кои избегаа во САД пред војната против Русија, изјави висок функционер на Трамп и тројца извори запознаени со ова прашање, што значи дека тие би можеле да бидат депортирани по забрзана постапка. Одлуката се очекува во април, а се работеше на тоа дури и …

Continue Reading

Проф. Д-р Дарко Лазаров во „БИЗНИС-КЛУБ“: „Само со поврзување на бизнисот и науката има можност за позитивна трансформација на македонската економија“

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“, во разговорот што го водеше претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со своите гости – проф. д-р Ирена Кикеркова, професор по надворешна економија и по меѓународна трговија на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје, и проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип и проректор за иновации и …

Continue Reading

„Жива досада“ – новата претстава на МНТ наскоро пред македонската публика, ги охрабрува децата да веруваат во магијата на играта

Денеска почнаа првите читачки проби за претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, во која играат заедно со Гоце Андонов. Темата на претставата е досадата на децата во денешното време, каде што авторите ги охрабруваат како децата така и родителите да остават да им биде досадно без да ги окупираат со разно-разни обврски, …

Continue Reading

Проданоски: Мерките на СДСМ се неприменливи и целосно промашени

СДСМ продолжува со креирањето дневна политика во недостаток од реални идеи. Како што ја водеа Владата, така ја практикуваат опозицијата. Несериозно, со мерки кои што се неприменливи и тотално промашени. Ова го истакна Дејан Проданоски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Според него, политиката на промашеното прогресивно оданочување и Солидарниот данок, СДСМ сега ја пресликуваат со несериозни предлози …

Continue Reading