Студентите пристигнаа во Крагуевац: По четири дена пешачење колони влегуваат во градот од три правци
Студенти и групи граѓани денеска по 15 минути блокираа одредени патишта во Белград, Нови Сад и во некои други градови за да им оддадат почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад и да побараат одговорност, а во 16 часот започна блокадата на Плоштадот на Републиката во Белград, која заврши кај Републичкото јавно обвинителство. Група средношколци во Ниш, нивните родители …
Continue Reading
ДЗС: Намален прометот во индустријата
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата во декември лани во однос на истиот месец од 2023 година, е намален за 11.0 %. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 % и Нетрајни производи за широка …
Continue Reading
Зеленски: На Украина и се потребни безбедносни гаранции по војната со Русија
На Украина и требаат сигурни безбедносни гаранции по војната со Русија, а Киев ќе продолжи да соработува со американската администрација за да најде начин да стави крај на војната, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зборувајќи по средбата со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека очекува дополнителни состаноци со него и изрази надеж дека …
Continue Reading
(Видео) Додека има разорни земјотреси на Санторини, возила пливаат во порои на Закинтос
Во регионот на Јонското Море, kaj грчките острови Кефалонија и Закинтос, од вчера траат тешки временски услови кои предизвикуваат поплави, одрони и заробени граѓани. Најлошо влијание на лошото време има на Кефалонија, која моментално е во центарот на временските феномени. Грчкиот број за итни случаи, 112, издаде итно предупредување за областите Кефалонија и Закинтос. „Предупредување поради опасни временски појави од …
Continue Reading
„IFC со поддршка за енергетски проекти во Македонија“ – средба на министерката Божиновска со меѓународната финансиска корпорација
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со делегација од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), предводена од регионалниот директор за Западен Балкан, Николас Маркиер. На средбата присуствуваа и Милица Средановиќ, одговорна за инвестиции во енергетскиот сектор за Западен Балкан, и Вадим Шербаков, одговорен за инвестиции во енергетскиот сектор за Македонија. На средбата посебен акцент беше ставен …
Continue Reading
Здружение „Просветление“ бара да му се врати стариот статус на предметот Етика во религиите
-
Новинар
-
February 14, 2025
-
Македонија
-
0 Comments
Претставници на Асоцијацијата на професори по Етика во религиите „Просветление“ денеска имаа средба со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска, на која ја информираа за барањата на наставниот кадар што го предава предметот Етика во религиите, кои се поврзани со предметот и нивниот статус. На средбата, како што соопштија од здружението, биле …
Continue Reading
Почина познатиот гинеколог и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
Денеска почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер, чие влијание во медицината и образованието ќе остане запаметено. Проф. д-р Јуруковски беше редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што служеше како продекан и шеф на Катедрата за гинекологија и акушерство. Долги години беше и директор на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, каде што неговите напори доведоа до воведување …
Continue Reading
Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија, долетал од Приштина со нови документи
30-годишен Македонец, осомничен дека е водач на нарко-мафија бил уапсен на аеродромот во Женева на 29-ти јануари, по што бил екстрадиран во Австрија, објави швајцарскиот портал Blick.ch. Тој организирал шверц на најмалку четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет. Јавното обвинителство во Линц го смета за клучен член на регионалната мрежа за дистрибуција на дрога. Македонскиот нарко бос чиј идентитет …
Continue Reading
Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп прави „погрешни пресметки“ во врска со Појасот Газа, додавајќи дека конфликтите на Блискиот Исток се влошуваат поради „слушањето на ционистичките лаги од страна на Вашингтон“. „За жал, Соединетите Држави прават погрешна пресметка за нашиот регион. Не треба да се впуштаме во пристап кој ја игнорира историјата, вредностите …
Continue Reading