Здружение „Просветление“ бара да му се врати стариот статус на предметот Етика во религиите


Screenshot-2025-02-14-171930
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претставници на Асоцијацијата на професори по Етика во религиите „Просветление“ денеска имаа средба со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска, на која ја информираа за барањата на наставниот кадар што го предава предметот Етика во религиите, кои се поврзани со предметот и нивниот статус.

На средбата, како што соопштија од здружението, биле разгледани дилемите и можните предизвици што ги отвора најновата идеја, презентирана во јавноста, а во контекст на процесот на измени во основното образование.


 

„Имајќи ја предвид досегашната заложба на МПЦ-ОА и на самите професори – задржување на посебноста на наставниот предмет Етика во религиите во VI одделение како посебен задолжително-изборен предмет – предмет кој е уставно-правно регулиран уште во 2009 година, односно за кој не постои уставна и законска пречка за негово враќање во претходниот статус, професорите инсистираат на враќање на статусот што предметот го имаше пред Концепцијата од 2021 година“, пишува во соопштението.

 

Професорите бараат враќање на претходниот статус на предметот „Етика во религии“, чиј статус беше деградиран со новата Концепција на минатата влада во 2021 година.

 

„Согласно новата Концепција, овој предмет е симнат на нивото на слободно-изборен предмет, и се наоѓа во конкуренција со уште безброј други предмети кои немаат фактичко постоење, односно можат без никакви правни последици да бидат отстранети од образовниот систем“, велат од „Просветление“.

Продолжете со читање https://www.slobodenpecat.mk/zdruzhenie-prosvetlenie-bara-da-mu-se-vrati-stariot-status-na-predmetot-etika-vo-religiite/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK