Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија, долетал од Приштина со нови документи


4-11.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

30-годишен Македонец, осомничен дека е водач на нарко-мафија бил уапсен на аеродромот во Женева на 29-ти јануари, по што бил екстрадиран во Австрија, објави швајцарскиот портал Blick.ch.


Тој организирал шверц на најмалку четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет. Јавното обвинителство во Линц го смета за клучен член на регионалната мрежа за дистрибуција на дрога.

Македонскиот нарко бос чиј идентитет не е објавен, долетал од Приштина и имал нови документи бидејќи во Македонија си го сменил името. Но, швајцарските гранични власти успеале да го идентификуваат како лице од потерница.

Македонецот важи за водечки член на нарко-мафија ширум Европа. Тој се бара со потерница на ЕУ од 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK