Анкета на Си-Ен-Ен: Трамп и Харис се изедначија со 47 отсто поддршка меѓу веројатните гласачи

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп и неговата демократска ривалка, американската потпретседателка Камала Харис, се изедначени со 47 отсто од поддршката меѓу веројатните гласачи, покажува најновата анкета на Си-Ен-Ен спроведена во САД, објавена денеска. Анкетата, спроведена телефонски од 20 до 23 октомври меѓу 1.704 регистрирани гласачи, има маргина на грешка од 3,1 процентен поен …

Continue Reading

Го пријавиле за починат за да му го земат имотот: Жител од тетовско село се жали на лажна пресуда

Вчера во 15.20 часот во СВР Тетово, А.И.(80) од тетовско пријавил дека во текот на 2017 година без негово присуство во Основен суд Тетово била донесена пресуда со лажно прикажување на факти и докази. Според пријавеното, во судот биле приложени лажни докази дека тој бил починат, а воедно од адвокат биле поднесени лажни докази – фалсификувано полномошно дека бил негов …

Continue Reading

Мицкоски ги повика граѓанските организации да учествуваат во градењето на поквалитетен национален образовен систем

Премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во соработка со ИРИ, како дел од проектот за дијалог со граѓанските организации оддржа средба со повеќе невладини организации. „Образованието е столб на општеството и затоа е поставено високо меѓу владините приоритети. Без квалитетно образование, нема ниту квалитетни доктори, наставници, економисти и така натаму. Одлучни сме да направиме крупни промени и го повикувам …

Continue Reading

Фетаи повикува на создавање заеднички фронт против криминалот

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска повика на создавање заеднички фронт против организираниот криминал и корупцијата. Зборувајќи на Стратешката работилница на меѓупартиска параламентарна група против корупција, организирана од НДИ во Скопје, Фетаи го повика Парламентот, граѓанското општество и меѓународните партнери да работат заедно со Владата за поуспешно справување со криминалот. Тој рече дека …

Continue Reading

Анкета за инвестиции на ЕИБ за 2024 година: повеќе од 60 % од европските компании инвестирале во ублажување и адаптација на климата, а повеќе од 70 % во нивната дигитална трансформација

Компаниите во Европската Унија релативно добро ги издржаа здравствените, ценовните и трговските шокови во последните четири години и ги зголемија своите амбиции за зелена и дигитална трансформација, според анкетата на Европската инвестициска банка (ЕИБ).  Анкетата за инвестиции на ЕИБ за 2024 година, објавена на Годишните состаноци на Светската банка и ММФ во Вашингтон, дава слика за лидерството на бизнисите на …

Continue Reading

Богата програма на СинтЕЗа, настан кој ги обединува уметноста, технологијата и науката

Денес, 25 октомври, во Јавна Соба – Скопје ќе се одржи мултимедијалниот настан СинтЕЗа, организиран од Халкбанк. Овој уникатен неколкучасовен настан ќе ги обедини младите таленти од седум факултети на УКИМ, кои преку уметност, наука и технологија ќе ги споделат своите иновативни идеи и визии. Настанот ја слави креативноста и мултидисциплинарната соработка, и е отворен за сите љубители на културата …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 21.10.2024 пријавениот во повеќе наврати физички нападнал 24 – годишна жена и против нејзина волја ја држел во неговата викенд куќа во битолско, каде што, исто така, физички ја напаѓал.

Continue Reading

Презентација на еко автобус во Куманово – дел од проект “Мој зелен дом”

Одделението за заштита на животната средина и природата при Општина Куманово, во соработка со Автомакедонија, денеска организираше едукација на ученици од општинските основни училишта “Крсте Мисирков” и “Браќа Миладиновци”, заедно со група граѓани. На промотивното возење со електричен автобус низ градските улици, беше поделен информативен материјал (флаери), со цел да се подигне на повисоко ниво свеста за заштита на животната …

Continue Reading

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка Раст на кредитите и депозитите, зголемена нето добивка и силен придонес во заедницата

Скопје, 24.10.2024 – НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 година. НЛБ Банка оствари нето – добивка во износ од 44.178 илјади евра, што претставува зголемување за 11,6 % во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите …

Continue Reading