Русите еден месец по украинската инвазија на Курск: „Имаме план, ќе ги скршиме“

Руската армија има план да ги протера украинските сили од рускиот пограничен регион Курск, изјави денеска Дмитриj Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека руската армија ќе ги „скрши“ украинските сили кои го нападнаа Курск пред повеќе од еден месец и окупираа повеќе од 1.000 квадратни километри, повеќе од 100 населени места и заробија повеќе од 500 …

Continue Reading

„Административците земаат К-15 заради СДСМ, на Мицкоски му стана бренд китењето со туѓи перја“, велат од Социјалдемократскиот сојуз

„На Христијан Мицкоски китењето со туѓи перја му стана единствен бренд, секој ден неговата Влада се фали само со проекти и политики на СДСМ“, велат од Социјалдемократскиот сојуз. „Вработените во јавната администрација земаат К-15 заради политиките на СДСМ. СДСМ го врати регресот за годишен одмор со новите колективни договори и покажа вистинска грижа за работниците. Тоа што Владата на Мицкоски …

Continue Reading

Најниска стапка на наталитет во Русија од 1999 година

Русија во првите шест месеци од оваа година забележа најниска стапка на наталитет од 1999 година, според официјалните податоци, а во јуни бројот на родeни за прв пат беше помалку од 100.000. Комбинацијата на ниски стапки на наталитет и зголемена стапка на смртност доведе до намалување на бројот на руските жители, што претставува проблем за Кремљ, кој води војна во …

Continue Reading

Кинезите доживотно суспендираа 43 лица поради корупција

Фудбалскиот сојуз на Кина им изрече доживотна забрана на 43 лица поради наводи за местење натпревари и други облици на корупција. Шефот на полицијата Џанг Ксијаопенг на прес-конференција изјави дека двегодишната истрага открила серија случаи на обложување, местење натпревари и поткуп. Новинската агенција Ксинхуа објави дека истрагата опфатила 120 натпревари од кинеската лига, 128 осомничени за криминал и 41 клуб. …

Continue Reading

Николовски со демант: Празни обивнувања и театар од Трипуновски

Пратеникот и поранашен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, ги демантира наводите на Трипуновски. -Во нашата држава точно се знае кој каква улога има, вклучително и функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, за која Трипуновски по не знам кој пат покажува дека е недостоен да ја држи. Го упатувам министерот прво да се запознае со постапките и надлежностите на органите …

Continue Reading

Намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,79 % во однос на одлуката од 6.9.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: …

Continue Reading

Tелевизорите Neo QLED и QLED на Samsung за 2024 година се први во индустријата кои добија сертификати за извонредност во квалитетот на сликата од VDE

Сертификатот за прецизност на HDR осветленоста гарантира дека моделите прецизно репродуцираат HDR нивоа на осветленост за ултра-реалистични слики  Сертификатот True Cinema Black демонстрира способност на телевизорите да обезбедат длабоко имерсивни искуства за гледање – Samsung Electronics објави дека седум модели1 од линијата телевизори Neo QLED и QLED за 2024 година се први во индустријата кои ги добија сертификатите за прецизност …

Continue Reading

Разгорен пожар кај Сребреница, хеликоптери не летаат поради силниот ветер

Хеликоптери на Република Српска, Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи на Србија и Вооружените сили на Босна и Херцеговина денеска нема да учествуваат во гаснењето на пожарот во Сребреница поради неповолните временски услови. На состанокот на штабот за заштита и спасување на оваа општина беше упатен апел итно да се испратат поголем број луѓе за гаснење на пожарот и …

Continue Reading

Подобрување на патната инфраструктура во локалната економска зона Ограѓе во општина Илинден

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Деновиве се асфалтираше на спојот на улиците н„10“ и улица „1“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден. Станува збор за доста важен дел од овие две улици, затоа што е од големо значење за функционалноста на стопанските субјекти кои се наоѓаат во овој дел на локалната економска зона Ограѓе, …

Continue Reading