Намалување на цените на горивата

Нови-цени-на-горивата-дизелот-по-намалена-цена.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,79 % во однос на одлуката од 6.9.2024 година.



Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,569%, кај дизелот за 3,217%, кај екстра лесното масло за 3,812% и кај мазутот има намалување за 4,635%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0124%.

Од 11.9.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  74,00 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                             76,50 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            68,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 43,507 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,273 ден/кг и сега ќе изнесува 43,507 ден/кг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK