„Административците земаат К-15 заради СДСМ, на Мицкоски му стана бренд китењето со туѓи перја“, велат од Социјалдемократскиот сојуз

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„На Христијан Мицкоски китењето со туѓи перја му стана единствен бренд, секој ден неговата Влада се фали само со проекти и политики на СДСМ“, велат од Социјалдемократскиот сојуз.



„Вработените во јавната администрација земаат К-15 заради политиките на СДСМ. СДСМ го врати регресот за годишен одмор со новите колективни договори и покажа вистинска грижа за работниците.

Тоа што Владата на Мицкоски соопштува дека обезбедила пари е смешно, што и е друго работа? Пари има, во прашање се приоритетите.

СДСМ во време на најголемите кризи обезбедуваше средства и за К-15 но и за покачување на платите на работници, нешто што оваа Влада го замрзна и најавува дека нема да ги покачи платите“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK