Скопјани тргнале да предизвикаат пожар, фатени на дело

Околу 13 часот од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, на место викано „Дупки“ во с.Патишка река, скопско, биле лишени од слобода С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Continue Reading

Циципас му даде отказ на татко му – повеќе не му е тренер

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас објави дека раскинал соработка со својот татко Апостолос и повеќе не е негов тренер. Циципас се реши на овој чекор по шокантната елиминација на Мастерсот во Монтреал, од Кеи Нишикори, играч кој не е ни во топ 500 во светот. Апостолос Циципас беше покрај својот син во текот на неговата кариера. „Со тешко срце ве известувам …

Continue Reading

Уапсен и третиот осомничен за планирање напад на концерт на Тејлор Свифт

Виенската полиција уапси трето лице под сомнение дека планирало терористички напад на концертот на американската пејачка Тејлор Свифт во австриската престолнина, а властите сметаат дека заговорот бил инспириран од Исламската држава и Ал Каеда, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер. Тој рече дека 18-годишникот бил уапсен во четвртокот вечерта во Виена, откако бил во контакт со главниот осомничен, …

Continue Reading

Истражување на „Галуп“: Македонците се втор најгневен народ во Европа

Граѓаните на Македонија се рангирани на второто место меѓу европските нации во овогодинешниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, кој покажува колкав гнев или бес чувствува населението во секоја земја на дневна основа. Првото место на таа листа го зазема Турција, каде 34 отсто од жителите секојдневно изразуваат одредена количина гнев, додека Македонците се втори, со 26 отсто од испитаниците …

Continue Reading

Трипуновски: Министерството ќе биде пример на институција која ќе воведе највисоки стандарди за сајбер безбедност

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски имаше средба со претставници од американската амбасада, од Агенцијата за меѓународен развој на САД – УСАИД и од програмата CIDR (Critical Infrastructure Digitalization and Resilience). CIDR е регионална програма поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на УСАИД. Преку оваа програма се дава поддршка на критичната инфраструктура, јавен сектор и други значајни институции …

Continue Reading

Трансформација на домашниот простор: Уметноста на телевизорот Samsung The Frame

Замислете ја вашата дневна соба со прекрасна амбиентална светлина, каде што едно парче технологија совршено се трансформира од централна точка на забава во уметничко дело. Тоа е магијата на Samsung телевизорот The Frame , во кој што извонредниот дизајн се среќава со неспоредливо гледачко искуство. Овој телевизор, како и останатите модели од семејството на The Frame телевизорите на Samsung, не …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Се трага по две лица од Бангладеш, биле вработени во Скопје

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, Ф.Ш.(38) од Скопје, сопственик на фирма, пријавил дека двајца негови вработени од Бангладеш на возраст од 35 и 29 години се оддалечиле од местото од каде што престојувале на подрачјето на Чаир во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Continue Reading

Физички нападнати три лица од Турција на Матка

Пред 2 дена на Матка биле нападнати три лица од Турција откако влегле во претходна расправија со неколку лица. „На 07.08.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, Е.С.(31) од Република Турција пријавил дека околу 16.50 часот на кањон Матка, на подрачјето на општина Сарај, по претходна расправија, тој и Ј.М.(31) и А.К.(31), сите од Република Турција, биле физички нападнати од …

Continue Reading

Го погодил заталкан куршум додека играл фудбал под балон во Чаир

29-годишниот А.Д. од Скопје бил повреден од заталкан куршум додека играл фудбал на подрачјето на Чаир, куршумот притоа го пробил балонот. „Вчера во 22.51 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во Поликлиниката Чаир со повреда бил донесен А.Д.(29) од Скопје. Според пријавеното, тој бил повреден од заталкано зрно од огнено оружје во фудбалски терен – балон на подрачјето …

Continue Reading