Скопјанец починал во дом за стари лица, телото на обдукција
Вчера во 23.37 часот во СВР Скопје, Т.К. пријавила дека во Дом за стари лица на подрачјето на Кисела Вода починал нејзиниот татко П.К.(76) од Скопје. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот …
Continue Reading
Скопјaнец се заканувал на вработен на бензинска пумпа, украл пари и мобилен телефон
Во 05.20 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода В.В.(35) од Скопје, поради тоа што околу 03.00 часот на бензинска пумпа со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари и мобилен телефон. Со него бил извршен службен разговор и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, …
Continue Reading
ССНМ: Медиумите да преземат превентивни мерки за заштита при работа на медиумските работници на високи температури
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до одговорните лица во македонските медиуми да им овозможат соодветна заштита на своите вработени, посебно на оние новинари и медиумски работници кои мораат да известуваат на отворено. „Земјава според УХМР е во топлотен бран и влегува во портокалова фаза, која носи опасност од влошени временски услови кои носат значителен ризик по здравјето …
Continue Reading
Катица Јанева не смее повеќе да работи надвор од затворот „Идризово“, при контрола, по дојава, не била најдена на работното место
Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Катица Јанева го загубила правото да работи надвор од затворот „Идризово“. Постапувајќи по службена должност Управата направила проверка за почитувањето на условите за користење на правото за работен ангажман надвор од затворот, при што било утврдено дека Јанева истите не ги почитувала. Таа во февруари годинава доби дозвола да работи во адвокатската канцеларија …
Continue Reading
Стефковски: Потребно е итно решение за депонијата Вардариште
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со заменик градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски, командирот на полициската станица од општа надлежност Гази Баба Саше Стоилевски и припадници на МВР беа во посета на дивата депонија Вардариште. Пoтребно е итно решение за дивата депонија Вардариште, вели Стефковски. „Изминатиот период во неколку наврати сведоци сме …
Continue Reading
Центарот за дигитална трансформација – ГоДигитал обезбедува финансиска поддршка и експертиза за дигитализација на ММСП со ваучери
– Центарот за дигитална трансформација – GoDigital организираше информативен настан и работилница за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) кои имаат за цел да го унапредат своето работење преку дигитализација. Како важен дел од програмата на ГоДигитал, во изминатиот период беа обучени консултанти за дигитализација. Оттука, на настанот беа доделени меѓународно признати сертификати на 17 извонредни консултанти, кои се опремени …
Continue Reading
МОН бара мислење од родителите, наставниците и учениците дали да се укине пролетниот распуст
МОН ќе ја консултира јавноста и наставниците за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025 година. Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност, како што велат е мислењето на пошироката …
Continue Reading
Уставен суд: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна пензија
Функцијата уставен судија не престанува по основ на остварување старосна пензија, стои во соопштението од Уставниот суд. -Во врска со информациите доставени до Собранието дека судијката на Уставниот суд Добрила Кацарска исполнила услови за старосна пензија во јуни 2022 година, Уставниот суд на работен состанок одржан денеска со единствена точка на дневен ред, едногласно го донесе следниот заклучок – согласно …
Continue Reading
Божиновска – Силвестри: разменети мислења во сферата на економијата и енергетиката
Министерката за енергетика, рударство и минеални суровини, Сања Божиновска, денеска освтари работна средба со амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри во чии рамки беа разменети мислења за односите и соработката меѓу двете држави во сферата на економијата и енергетиката. За време на средбата, Божиновска истакна дека Република Северна Македонија има постојан интерес за унапредување на билатерални односи со Италијанската Република, …
Continue Reading