Катица Јанева не смее повеќе да работи надвор од затворот „Идризово“, при контрола, по дојава, не била најдена на работното место

79352809_2606997272709265_2885119387457552384_n-1-800x534.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Катица Јанева го загубила правото да работи надвор од затворот „Идризово“.

Постапувајќи по службена должност Управата направила проверка за почитувањето на условите за користење на правото за работен ангажман надвор од затворот, при што било утврдено дека Јанева истите не ги почитувала.

Таа во февруари годинава доби дозвола да работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, адвокатот Лазар Јанев, кога веќе имаше издржано пет од вкупно седумгодишната затворска казна за случајот „Рекет“.

Според условите, наутро таа излегува од Идризово, а по завршување на работниот ден, треба да се врати во затворската ќелија.

Јанева во јуни 2020 година беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна во случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски кој доби казна затвор од девет години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK