Одбележани 25 години од основањето на Здружението на јавните обвинители

Наша обврска, на која континуирано работиме сите овие години, е да ги зајакнеме самостојноста на јавните обвинители во постапувањето, професионалните и етичките стандарди во нашата фела, а со тоа да ја вратиме довербата на граѓаните во нашата работа, истакна претседателот на Здружението, јавниот обвинител Елвин Вели на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на оваа организација. Тој потсети на проектите и …

Continue Reading

Ограбена скопјанка во центарот на градот

Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје, 67-годишната С.Ф. од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар во Скопје едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Кривична против 33-годишник, полово вознемирувал скопјанка во хотел во Стар Дојран

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 33-годишниот Б.С., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“, извести МВР. „На 30.06.2024 во хотел во Стар Дојран, пријавениот полово вознемирувал скопјанка која била сместена во истиот хотел“, соопшти МВР.

Continue Reading

МВР со детали: Девојката врз која падна дрво во центарот на Скопје со тешки повреди е пренесена во болница, повредено е уште едно лице

Вчера во 14.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Климент Охридски“ во Скопје, поради лошите временски услови паднало дрво и повредило двајца минувачи, извести МВР. – Според пријавеното, со тешки телесни повреди се здобила В.Л.(28) од Прилеп, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а со телесни повреди се здобила А.А.(35) од Скопје, констатирани во Градската општа …

Continue Reading

Кривични против четворица струмичани за „убиство во обид“

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 38-годишниот Е.М., 18-годишниот А.Ф., 18-годишниот А.М. и еден малолетник, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, извести МВР. „На 16.06.2024, по претходно нарушени меѓусебни односи, второпријавениот физички го нападнал Е.И.(23), а истиот ден пријавените насилно влегле во неговиот дом, физички го нападнале и му нанеле повреда …

Continue Reading

Кривична против директорка на државен ученички дом во Битола, ја злоупотребила својата положба и го оштетила Буџетот на МОН за износ од 202.500 денари

Вчера СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 57-годишната Е.С. од Битола, поради основано сомнение за сторени четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, сите од Кривичниот законик, извести МВР. „Пријавената во својство на одговорно лице, директор на државен ученички дом во …

Continue Reading

Алијансата за Албанците: Директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од Таравари, отпушти 18 Албанци

„Честитки за Арбен Таравари, откако ги намали Албанците во Балансер, сега преминува на акција. „Македонија повторно твоја“. Етничкото чистење на Албанците во институциите кое започна со намалувањето на процентот во Балансер, продолжува со здравствениот сектор на чело со Арбен Таравари“, велат од Алијанса за Албанците. „Денеска за жал беше објавено дека директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од самиот Таравари, …

Continue Reading

ДУИ: „Промената“ ги отстрани Албанците и од раководството на Фондот за здравство

ДУИ изразува длабока загриженост во врска со неодамнешната одлука на Фондот за здравствено осигурување за назначување, по прв пат по многу години, двајцата директори само од македонската заедница. „Овој акт претставува систематски обид за отстранување на Албанците од најчувствителните и витални институции на државата, создавајќи опасен преседан за нивно исклучување од процесите на донесување одлуки на државно ниво. Оваа одлука …

Continue Reading

Харис: Бајден е нашиот кандидат, повторно ќе го победиме Трамп

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, денеска ја отфрли идејата дека претседателот Џо Бајден треба да се повлече од изборната трка откако демократскиот претставник Лојд Догет од Тексас го повика да ја напушти трката по лошиот настап на минатата неделна дебата. „Гледате, Џо Бајден е нашиот кандидат. Го победивме (републиканскиот кандидат Доналд) Трамп еднаш и ќе го победиме повторно, …

Continue Reading