Јавниот превоз ќе продолжи сепак да функционира непречено, откако од ЈСП рекоа дека скопјани ќе останат без приватен автобуски превоз

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија по неговото именување на чело на претпријатието. Приватниците и Кушовски денеска практично одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на …

Continue Reading

Сојузниците на НАТО се договорија следната година да финансираат помош за Украина во износ од 40 милијарди евра

Сојузниците на НАТО се согласија да финансираат воена помош за Украина во износ од 40 милијарди евра следната година, изјавија денеска за Ројтерс двајца западноевропски дипломати. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара од сојузниците да се обврзат да му пружат воена помош на Киев неколку години. Беше одлучено и сојузниците од НАТО да направат два извештаи во текот на …

Continue Reading

Мистериозниот Бразилски кошаркар Бруно Кабокло

Бруно Кабокло одигра спектакуларно па Бразил извлече победа против Црна Гора во квалификациите за Олимпијада. Она што ги интересираше новинарите по натпреварот е статусот на Кабокло во КК Партизан. Неговиот агент тврди дека Партизан му должи, а црно-белите дека Кабокло им должи? „Мојот агент се занимава со ова и разговара со челниците на Партизан. Прашајте го него што ве интересира“, …

Continue Reading

Њујорк Тајмс: Бајден му призна на сојузникот дека е загрижен за неговата кандидатура

Весникот Њујорк Тајмс денеска објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден, по учеството на минатонеделната дебата со неговиот противкандидат Доналд Трамп, му рекол на еден од своите сојузници дека е свесен дека можеби нема да може да ја спаси својата кандидатура доколку не успее да ја убеди јавноста во следните неколку дена дека е способен да ја врши претседателската функција. Извештајот …

Continue Reading

Муцунски – Димовски: Економскиот раст, новите работни места и инвестиции во фокусот на владините приоритети

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, се сретна со новоименуваниот директор на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски. На средбата стана збор за владините приоритети, со фокус на активностите како што се економскиот раст, креирање нови работни места, поттикнување на трговијата и привлекување нови инвестиции. Притоа, двете страни се обврзаа на цврста …

Continue Reading

Дали Шпанија е фаворит?

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека Шпанија е фаворит за освојување на Европското првенство во Германија. Британските медиуми пренесуваат дека германскиот стручњак ги коментирал и ги прогнозирал фаворитите на ЕП 2024. Во овој момент ми се чини дека Шпанија може да оди до „крај“, изјавил Клоп. Но, и Германија е добра. Франција исто така, а Англија дефинитивно ќе …

Continue Reading

(Видео) Катаклизма во Црна Гора: Двајца загинати, невремето урна мостови од 400 тони

Невреме кое пред два дена ја погоди Србија, го зафати целиот балкански регион, а после Хрватска се пресели во Црна Гора, каде остави немерливи последици во однос на остатокот од регионот.   View this post on Instagram   A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov) Најсилен интензитет е почувствуван на крајбрежјето, односно пристаништата Бар, Будва, Котор и Улцињ, каде како …

Continue Reading

За првпат во историјата жена на чело на канадската војска

Денеска, за прв пат во историјата, Канада назначи жена за началник на Генералштабот. Џени Каринијан ќе го наследи генералот Вејн Ири, објави CBC News. Каринијан, која е воен инженер, командувала со војници во Авганистан, Босна и Херцеговина, Ирак и Сирија во текот на 35-те години минати во армијата, а на 18 јули ќе ја преземе функцијата началник на одбранбениот штаб, …

Continue Reading

Русија: Верските власти забранија носење никаб во Дагестан поради терористички напади

Верските власти во јужниот руски регион Дагестан денеска објавија дека забрануваат носење никаб поради минатомесечните терористички напади врз синагогите и православните цркви. Во изјава за Телеграм, портпаролот на муфтијата најави дека облеката што го покрива целото лице освен очите ќе биде забранета додека „не се отстранат заканите“, пренесува Политико. Привремената забрана доаѓа по серијата координирани напади врз синагогите и православните …

Continue Reading