​​​​​​Косоварска платформа – соработник на Курти ќе биде вицепремиер во Владата на ДПМНЕ, велат од Левица

Арбен Фетаи – поранешен соработник на косовската Влада, е избран за Вицепремиер за Добро владеење од страна ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, на предлог од необалистот Арбен Таравари. Неговите професионални ангажмани никогаш не биле поврзани со Македонија, а на јавноста и е познат по долгогодишното работење за косовскиот премиер Албин Курти, кој е отворен промотор на великоалбанската идеја, велат од Левица. …

Continue Reading

Рустеми: Тврдењата на Николоски се неточни и се со впечатлива политичка позадина, стоиме на располагање за сите видови проверки

Директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми ги оценува како „неточни и неосновани“ вчерашните тврдења на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски околу тоа како се трошеле државните пари и зошто не се готови почнатите проекти. Според Рустеми, ова се прави „со впечатлива политичка позадина“. Како што тврди, за сите реализирани проекти, од страна на ЈПДП и менаџментот, испочитувани се сите …

Continue Reading

Гоу Грин бара од Министерството за транспорт и врски да ги вклучи велосипедите и лицата со посебни потреби во физибилити студијата за градскиот железнички превоз

Деновиве низ медиумите кружи добра вест дека повторно заживува идејата за воспоставвување на градски железнички превоз во Скопје.  Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“- Скопје ја поздравува оваа идеја, бидејќи железничкиот градски превоз е докажано еколошко транспортно решение во борбата против климатските промени. „Преку него се намалува зависноста од приватните автомобили, потребата од широки булевари …

Continue Reading

Трипуновски: Со мелничарите и откупувачите на јачмен и пченица разговаравме за изнаоѓање на решение за откупната цена

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со млинарите и откупувачите на јачмен и пченица. На средбата се разговараше за откупната цена на јачменот и пченицата, но и во која насока ќе се движи откупот на житните култури. – На самиот почеток на откупот на јачменот и пченицата остварив состанок со производителите  и со откупувачите …

Continue Reading

Борисов: Во моментов никој не може да формира влада

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер на таа земја, Бојко Борисов денеска изјави дека ниту една партија во моментов не може да формира стабилна влада. Тој за новинарите изјави дека актуелната ситуација го попречува напредокот на Бугарија кон влезот во еврозоната, цел за која верува дека може да се постигне доколку има стабилна влада предводена од ГЕРБ, пишува …

Continue Reading

Во Индонезија уапсени 103 странци осомничени за сајбер криминал и злоупотреба на визи

Индонезиските имиграциски власти уапсија 103 странски државјани за време на рација во вила на островот Бали, вклучувајќи Кинези и Малезијци, осомничени за сајбер криминал и злоупотреба на визи и дозволи за престој, соопштија денеска официјални лица. Според извештаите, рацијата била извршена во средата во вила во селото Кукух во областа Табанан на островот Бали кога биле уапсени 91 маж и …

Continue Reading

​Две нови детски катчиња во урбаниот дел на општина Кисела Вода

Продолжува роденденската седмица на Општина Кисела Вода, која под слоганот “Кисела Вода, 69 години храброто срце на градот”, се одвива од вчера. Веќе традиционално, во склоп на празнувањето, секојдневно се реализираат поголеми инфраструктурни проекти, а вечерите се резервирани за културното лето. Утрово, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски отвори две нови детски катчиња. Првото во населбата Кисела Вода, второто во Бирарија. На улицата …

Continue Reading

Приведен бегалец од затвор

Во Скопје од страна на полициски службеници од ПС Центар е лишен од слобода А.С. (26) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд, поради бегство од КПУ Идризово. А.С. бил осуден на казна затвор од пет години и осум месеци по чл.236 од КЗ. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.

Continue Reading

Вода протече во хируршките сали во ГОБ 8 Септември, проблемот е надминат

Вода протекла во две хируршки сали на третиот кат во ГОБ 8 Септември, во екот на вчерашното невреме. Во меѓувреме проблемот е надминат,  а болницата е во целосна функција, , информираа од болницата. Пациентите што треба да бидат оперирани веќе се префрлени во опремени сали на другите катови.  

Continue Reading