​Две нови детски катчиња во урбаниот дел на општина Кисела Вода

3-11.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Продолжува роденденската седмица на Општина Кисела Вода, која под слоганот “Кисела Вода, 69 години храброто срце на градот”, се одвива од вчера. Веќе традиционално, во склоп на празнувањето, секојдневно се реализираат поголеми инфраструктурни проекти, а вечерите се резервирани за културното лето. Утрово, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски отвори две нови детски катчиња. Првото во населбата Кисела Вода, второто во Бирарија.

На улицата ,,Ѓорѓи Димитров” се поставени современи реквизити за детска игра, безбедни дури и за најмладите, изграден е терен за мал фудбал со вештачка трева, а поставена е и урбана опрема, со што дечињата, но и повозрасните добиваат нов простор за игра и одмор. Ваков простор за себе добија и жителите на улица ,,Антон Попов”. Покрај детските реквизити, тука е изграден и летниковец и поставена урбана опрема, сето тоа, оплеменето со парковско зеленило и дрвца.

-Со големо задоволство денес отвораме две нови детски катчиња во населбите Кисела Вода и Бирарија кои ќе донесат радост и забава на најмладите и на нивните најблиски. Овие катчиња не се само места за игра, туку и за дружење, рекреација и одмор на сите генерации. Моја стратегија и заложба како градоначалник е да инвестирам во проекти кои ќе ги опфатат сите генерации, сите сфери од општинското работење и сите населби и населени места во нашата општина. Целиме кон постигнување на рамномерен развој и подобрување на квалитетот на живот на сите наши граѓани и токму затоа, нашите проекти, па и овие, кои ги промовираме во роденденската седмица на општината, се шаренолики и разновидни. Вчера поставивме камен-темелник на новото училиште во селото Драчево, а денеска ги отвораме овие две нови локации кои најмногу ќе ги користат најмладите. Во нивната изградба, предвидовме и содржини за родителите, бабите и дедовците кои често доаѓаат со децата или се одмораат во близина. Во изминатите три години, интензивно работиме на изградба на нови и реконструкција на постоечки паркови, детски катчиња и рекреативни центри. Со гордост можам да кажам дека бројот на вакви проекти веќе достигна околу 20. И ова е насоката кон која ќе продолжиме и понатаму. Сакам да ги поканам сите жители на општина Кисела Вода и на градот Скопје да ни се придружат на втората вечер од културното лето, кое ќе се одржи вечерва во населбата Расадник, каде ќе настапат “Два Бона” и Пајак. А два часа претходно, во паркот Шопен, пензионерите од Кисела Вода ќе ја одржат хуманитарната коријада на ќе можат да се купат печива подготвени од нив. Настанот ќе биде музички збогатен со настап на членови на Здружението на пензионери и хорот “Вања Лазарова”-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK