Во Загреб пет лица заразени со легионела во болница, двајца во тешка состојба

Пет лица се заразени со легионела во болницата „Ребро“ во Загреб, од кои двајца се во тешка состојба. Сите се згрижени во Загребската клиничка болница. Бидејќи инфекцијата со легионела била потврдена кај пет пациенти, од кои двајца се во тешка состојба, започнала истрага за потеклото на инфекцијата. Познато е дека легионела може да се шири од клима уреди или вода. …

Continue Reading

Шефот на ОН за човекови права: Ситуацијата на Западниот Брег драстично се влошува

Високиот претставник на Обединетите нации (ОН) за човекови права, Волкер Турк, денеска предупреди дека ситуацијата на Западниот Брег драстично се влошува, како и дека во Газа има „непромислена смрт и страдање“. „Ситуацијата на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, драматично се влошува“, рече Турк на отворањето на седницата на Советот за човекови права на ОН, пренесува Ројтерс. Тој рече …

Continue Reading

Двајца повредени во сообраќајна несреќа на обиколницата Богданци

Вчера во 19.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Б.Г. од Богданци и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот З.М. од Скопје, извести МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот …

Continue Reading

Сиљановска Давкова се сретна со унгарскиот амбасадор: посочени можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн. На средбата беше поздравен интензивниот политички дијалог и изразена подготвеност за натамошна успешна соработка меѓу двете земји на билатерален и мултилатерален план. Претседателката се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка од Унгарија како гласен поддржувач на македонската европската интеграција, што претставува наш стратешки и национален интерес и ги …

Continue Reading

Кина ги обвини САД за „зла намера“ за дискредитирање на кинеските вакцини против корона

Кинеската амбасада на Филипините ја обвини американската војска за „лицемерие и злоба“ за „дискрредитирање“ на кинеските вакцини за време на пандемијата на коронавирус. Коментарите на портпаролот на кинеската амбасада во Манила беа одговор на истражниот извештај на Ројтерс, во кој се наведува дека американската војска започнала тајна програма за време на пандемијата на коронавирус за да ја дискредитира кинеската вакцина …

Continue Reading

Од четврток активно портокалово ниво за опасност од високи температури во Македонија

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата …

Continue Reading

Дефанзивец на Реал трансфер цел на Наполи и Милан

Милан и Наполи му „фрлија око“ на младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафа Марин. Фудбалерот се поврзуваше со Баер Леверкузен, неговиот трансфер во редовите на актуелниот германски шампион беше извесен, но во последен момент Чаби Алонсо ги смени плановите. Марин има 22 години, а „кралскиот клуб“, сака да го продаде, но под услов во договорот да има клаузула со која …

Continue Reading

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Три лица од Скопје, во полициските станици, во текот на вчерашниот ден пријавиле каснување од куче скитник, извести МВР. На 17.06.2024 во 10.40 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. На 17.06.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Центар, К.Д.(65) од Скопје пријавил дека …

Continue Reading

Четирицикл излетал надвор од пат, тешко повредени две лица од Тетовско

Вчера во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Попова Шапка – Тетово, во село Гајре, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот М.Р. од село Порој, тетовско, излетал надвор од патот, извести МВР. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Е.Н.(32) од с.Порој, констатирани во Клиничка болница Тетово“, …

Continue Reading