Полицијата трага по 22-годишен скопјанец

Полицијата трага по 22-годишен скопјанец, откако вчера татко му пријавил дека се оддалечил од дома. „На 08.06.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Драчево Х.О.(59) од с.Батинци,скопско пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син А.О.(22). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Continue Reading

Милитантите Хути тврдат дека нападнале британски воен брод во Црвеното Море

Јеменската милитантна група Хути денеска објави дека истрелала неколку балистички ракети врз британскиот разурнувач ХМС Дајмонд, што британското Министерство за одбрана го демантираше. Во соопштението на групата Хути се наведува дека нападот врз разурнувачот бил „прецизен“, но не се наведува дали е направена некаква штета. „Овие наводи не се точни“, изјави портпаролот на британското Министерство за одбрана, негирајќи ги наводите …

Continue Reading

Орбан: Најважното прашање на европските избори е дали Европа треба да остане надвор од војната или да влезе во војна,

Најважното прашање на европските избори е дали Европа треба да остане надвор од војната или да влезе во војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан по гласањето на изборите за Европскиот парламент. „Денес треба да победиме на овие избори во Европа, ова се први европски избори на кои оваа тема се провлекува низ речиси сите земји-членки. Ги следев германската, италијанската …

Continue Reading

Жена е тешко повредена откако возило излетало од патот Маврово-Дебар

Вчера (8 јуни) во 13.35 часот во Полициската станица Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Маврово-Дебар на место викано „Обесена вода“ кај Жировница патничко возило „алфа“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Р.Х.(63) од Неготино, полошко излетало надвор од коловозот, информираат од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.И.(47) од Чегране, гостиварско, додека возачот се …

Continue Reading

Песков: Германија со изјави за подготовка за војна со Русија ги задоволува Брисел и САД

Изјавите на германските власти за подготовки за војна со Русија се поврзани со потребата да им се допадне на Брисел, Вашингтон и НАТО, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој во интервју за телевизијата „Русија 1“ оцени дека Германија од Втората светска војна отсекогаш имала, како што наведе, „големи проблеми во однос на дефицитот на суверенитет и независност“, додавајќи …

Continue Reading

Европски избори: Ниска излезност во Хрватска, Унгарија со најмногу гласачи

Првите податоци за излезноста на изборите за Европскиот парламент во земјите во кои денеска се гласа, покажуваат различен одзив на гласачите до 11 часот – од седум отсто во Хрватска до 22 отсто во Унгарија. Мнозинството земји од ЕУ гласаат денеска, додека некои веќе гласаа во петок и сабота. До 11:30 часот гласале 7,69 отсто од гласачите во Хрватска, што …

Continue Reading

Германија направи план како да го трансфомира секојдевниот живот во случај на војна

За првпат по Студената војна, Германија ги ажурираше своите планови во случај на војна во Европа. Оваа недела беше објавен документ од 67 страници, познат како „Рамковна директива за целосна одбрана“, во кој детално се опишани плановите за целосно трансформирање на секојдневниот живот на германските граѓани во случај на војна. Овој документ го привлече вниманието на јавноста за неговите детални …

Continue Reading

Претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски на средба со Ветеринарната Комора за надминување на проблемот со бездомните кучиња

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски заедно со Претседателот на Совет на општината Светлана Колариќ, оствари средба со претставниците од Ветеринарната Комора на Република Македонија. На овој работен состанок се дискутираше околу изнаоѓање на системско решение за надминување на проблемот со бездомните кучиња. Подготовка на национална стратегија за контрола на популација на кучиња со акциски план, прилагодени на локалните динамики за …

Continue Reading

(Видео) Конгресот на СДСМ ќе продолжи откако општинските организации ќе се произнесат за Извештајот за претседателските и парламентарните избори

На денешниот отчетен Конгрес на СДСМ се анализираа изборните резултати на претседателските и парламентарните избори 2024 година, врз основа на подготвен детален и обемен Извештај. Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ја образложи неговата одлука за повлекување од функцијата. Генералниот секретар на СДСМ и Шеф на изборниот штаб, Миле Зечевиќ Вардарски го презентираше деталниот Извештај за парламентарните и претседателските избори 2024 …

Continue Reading