Жена е тешко повредена откако возило излетало од патот Маврово-Дебар

brza-pomosh-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера (8 јуни) во 13.35 часот во Полициската станица Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Маврово-Дебар на место викано „Обесена вода“ кај Жировница патничко возило „алфа“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Р.Х.(63) од Неготино, полошко излетало надвор од коловозот, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.И.(47) од Чегране, гостиварско, додека возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK