Гедраитис го продолжи договорот со Црвена звезда

Литванскиот кошаркар Рокас Гедраитис го продолжи договорот со Црвена звезда на уште две сезони, потврдија од клубот. Гедраитис е еден од играчите чија соработка со тимот од Белград истекуваше на крајот од сезоната, но челниците на црвено-белите решија да го задржат кошаркарот кој сезонава веќе ја освои АБА лигата и домашниот Куп. „Рокас Гедраитис, кој во текот на сезоната на …

Continue Reading

Отстранет дефектот на пругата во Драчево: граѓаните да бидат трпеливи при спуштање и кревање на рампата, апелираат Македонски железници

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, денеска во 10.43 часот била добиена пријава за проблем со сигнализацијата на пругата на ул. „Киро Фетак“ во населбата „Драчево“, Скопско. Од Секторот за операции и координација на ЦУК веднаш биле известени Македонски железници за пријавата за дефект на сигнализацијата на рампите и за нивна понатамошна постапка според пријавениот случај. …

Continue Reading

Турција без Кабак на ЕУРO 2024

Турскиот дефанзивец Озан Кабак (24) ќе го пропушти Европското првенство во Германија, откако заработи повреда на лигаментите на коленото на пријателскиот натпревар против Италија, објави во средата Турската фудбалска федерација (ТФФ). Кабак, кој игра за германскиот прволигаш Хофенхајм, го напушти теренот на носилки во првото полувреме на ремито 0-0 на Турција со Италија во Болоња. Кабак кариерата ја започна во …

Continue Reading

Коалицијата „Вреди“: Бруталното претепување на кандидатот Албанец во баталјонот „Волци“ во АРМ од неговите македонски колеги е ѕвонче за тревога

Бруталното претепување на кандидатот Албанец во баталјонот „Волци“ во АРМ од неговите македонски колеги е ѕвонче за тревога, се истакнува во соопшетнието од коалицијата „Вреди“: „Овој аларм треба повеќе да ги загрижува албанските кадри во Министерството за одбрана, особено заменик министерот, сега актуелен министер Тирон Јајага, кој мора да објасни зошто се случило тоа и зошто тој дозволил да се …

Continue Reading

Чипсот со вкус на сланина ќе биде забранет за употреба во ЕУ: може да предизвика сериозни проблеми

Чипсовите со вкус на чадена сланина ќе бидат забранети ширум Европската унија, откако Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) утврди дека популарните вкусови на вештачки чад може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Имено, ЕФСА извести дека вкусот на чадот е поврзан со генотоксичноста, односно способноста на хемикалијата да го оштети генетскиот материјал на клетките, пренесува „Индекс“. „Промените или мутациите …

Continue Reading

Реорганизација на министерствата, доколку ДПМНЕ прифати една изборна единица: Левица со условена поддршка за предложените измени најавени од Мицкоски

Левица дава условна поддршка за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со воведување на една изборна единица. Во Собранието на Република Македонија беа поднесени измените во Законот за организација и работа на органите на државната управа, со кои се овозможува реструктуирање на министерствата и зголемување на нивниот број по барање на коалицијата која …

Continue Reading

Почна со работа првиот приватен ветерен парк во Македонија „Богословец“, ќе обезбедува струја за над 20.000 домаќинства годишно

Денеска се одбележува значаен момент во транзицијата на Македонија кон одржлива енергија со свеченото отворање на Ветерниот парк Богословец. Овој проект вреден 61 милион евра, развиен од THOR Impex, е првиот приватен ветерен парк во земјата и може да се пофали со капацитет од 36 MW, способен да напојува со електрична енергија над 20.000 домаќинства годишно. На настанот присуствуваа претставници …

Continue Reading

Шпанците му го продолжија договорот на Де ла Фуенте

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Де Ла Фуенте го продолжи договорот со националниот тим до 2026 година, соопшти Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ). „РФЕФ го информираше селекторот за продолжување на соработката, како и за продолжување на соработката со неговиот стручен штаб“, се вели во соопштението на РФЕФ. Де Ла Фуенте стана селектор на Шпанија во декември 2022 година. Тој …

Continue Reading

Паника во училиште во БиХ поради закана од ученик: кажал дека ќе донесе пиштол и ќе ги убие своите врсници

Во основно училиште во Живиница владеела паника поради наводна закана од ученик, кој изјавил дека ќе донесе пиштол со кој ќе ги убие своите врсници. Еден од засегнатите родители случајот го пријавил во полиција, која потврдила дека нема причина за паника. Портпаролката на полициското одделение, Аднана Спречиќ за „Клик.ба“ изјавила дека еден од родителите на учениците од училиштето поднел пријава …

Continue Reading