Чипсот со вкус на сланина ќе биде забранет за употреба во ЕУ: може да предизвика сериозни проблеми

cips-sa-okusom-slanine-se-povlaci-iz-eu-moze-izazvati-ozbiljne-probleme-chipsss_666047cfbd2ad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Чипсовите со вкус на чадена сланина ќе бидат забранети ширум Европската унија, откако Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) утврди дека популарните вкусови на вештачки чад може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Имено, ЕФСА извести дека вкусот на чадот е поврзан со генотоксичноста, односно способноста на хемикалијата да го оштети генетскиот материјал на клетките, пренесува „Индекс“.

„Промените или мутациите во генетските информации во клетката може да го зголемат ризикот од развој на состојби како што се рак и наследни болести“, објаснуваат тие.

На крајот беше заклучено дека „со ваков тип на токсичност не може да се дефинира безбедно ниво на арома“, па на крајот на април беше донесена одлука за целосна забрана. Секако, забраната за продажба на чипс со вкус на чадена сланина нема да се случи преку ноќ. Периодот на приспособување ќе трае две години во земјите членки на ЕУ“.

„По истекот на периодот, овие ароми повеќе нема да бидат дозволени за употреба во ЕУ“, соопшти ЕФСА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK