Ковчези со натпис „Француски војници во Украина“ пронајдени во близина на Ајфеловата кула

Полицијата уапси три лица откако беа пронајдени пет ковчези во близина на Ајфеловата кула во Париз, обложени со француски знамиња со натпис „Француски војници во Украина“, пренесува „АФП“. Инцидентот се истражува како можно мешање на странска сила во француските работи, соопшти полицијата. Вчера околу 9 часот три лица оставиле пет ковчези во близина на подножјето на Ајфеловата кула, една од …

Continue Reading

Трамп: На Меланија и е тешко поради моето судење

Доналд Трамп изјави дека судскиот процес против него е многу тежок за неговата сопруга, поранешната прва дама Меланија Трамп, пренесува Newsweek. Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој беше осуден за кривично дело кога беше прогласен за виновен во четвртокот за 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја во случај што произлегува од тајните плаќања на порно актерката …

Continue Reading

По шпекулациите дека се разведува од Бен Афлек, Џенифер Лопез ја откажа турнејата

Оваа година е дефинитивно турбулентна за славната Џенифер Лопез. Нејзиниот нов албум „This is Me…Now“ помина доста слабо на платформите „Spotify“ и „Apple Music“ и не успеа да се најде меѓу првите топ 20 апсолутно никаде во светот. Нејзиниот последен албум излезе на 16 февруари годинава и, според реакциите на публиката, не беше преслушан како што се очекуваше. Дури 13 …

Continue Reading

(Видео) Мурињо стигна во Истанбул, на чекор е oд Партизан

Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо и официјално стана нов тренер на Фенербахче. Двегодишниот договор Мурињо го потпиша пред неколку десетици навивачи на стадионот на Фенербахче „Шукур Сарачоглу“ во Истанбул. „Сакам да ви се заблагодарам за љубовта што ја чувствував од првиот момент кога моето име првпат се поврзуваше со Фенербахче. Обично тренерот се сака по победата, но во овој момент …

Continue Reading

Пронајдени телата на двете девојки што ги однесе реката во Италија, потрагата по момчето се’ уште трае

Телата на двете девојки кои исчезнаа пред неколку дена заедно со млад човек кога ги однесе надојдената вода додека стоеја прегрнати, се пронајдени денеска околу пладне во реката Натисон во Премариакo. Оваа информација ја потврди и градоначалникот на  Премариакo, Микеле де Сабата. Станува збор за Бјанка Дорох, 23-годишна девојка која пристигнала од Романија пред неколку дена да ги посети родителите кои …

Continue Reading

Се судрија два авиони на аеромитинг во Португалија

Најмалку едно лице загина во несреќата што се случи денеска на аеромитингот во Португалија, кога се судрија два авиони. Според Управата за цивилна заштита, констатирана е смрт на едно лице, а најмалку едно е повредено. Несреќата се случила околу 16 часот по локално време, додека пилотите изведувале маневри. Спасувачките екипи се на терен.

Continue Reading

(Видео) Aвтомобил излета во публиката на трка во Осиек, има повредени

Четири лица се повредени и префрлени во Клиничкиот болнички центар Осиек, Хрватска, откако денеска на улична трка на 31. улица Осиек Стрит Рајс во нив удри автомобил. Според првичните информации автомобилот изгубил контрола, излетал од патеката и удрил во гледачите. Несреќата се случила веднаш по почетокот на трката. Двајца од четворицата повредени имаат отворени скршеници на ногата, објави Јутарњи лист. …

Continue Reading

Трамп: Моето одење во затвор би било пресвртната точка

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека би ја прифатил одлуката за домашен притвор или одење во затвор, откако поротата во Њујорк го прогласи за виновен по 34 точки минатата недела, но тој смета дека јавноста тешко ќе го прифати тоа. „Не сум сигурен дека јавноста би го прифатила тоа лесно“, рече републиканскиот претседателски кандидат во интервју за Фокс њуз …

Continue Reading

Израел се согласува со планот за мир во Газа, но укажува на недостатоци кои треба да се доработат, десничарите бесни

Офир Фалк – помошникот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во интервју за „Сандеј тајмс“ рече дека предлогот на Бајден за мир во Газа е „договор за кој Израел се согласил, но не е добар договор“. Тој додаде дека Израел сака ослободување на сите заложници. Главниот советник за надворешна политика на Нетанјаху изјави дека Израел го прифатил рамковниот договор за ставање …

Continue Reading