Трамп: На Меланија и е тешко поради моето судење

Tramp-i-Melanija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Доналд Трамп изјави дека судскиот процес против него е многу тежок за неговата сопруга, поранешната прва дама Меланија Трамп, пренесува Newsweek.

Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој беше осуден за кривично дело кога беше прогласен за виновен во четвртокот за 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја во случај што произлегува од тајните плаќања на порно актерката Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.

Тој е обвинет дека се обидел да ја прикрие веста за наводната вонбрачна сексуална врска. Трамп негираше дека имал афера со Даниелс и жестоко ја критикуваше пресудата на поротата.

Додека неколку членови на семејството на Трамп присуствуваа на судењето за да ја покажат својата поддршка, Меланија Трамп не дојде во судницата.

Во интервјуто што се емитуваше на Фокс во неделата, Трамп рече дека Меланија е добро, но дека и е многу тешко.

„Мислам дека е потешко за моето семејство отколку за мене“, рече Трамп.

„Добро е, но мислам дека и е многу тешко. Мислам, добро е. Но, знаете, таа мора да ги прочита сите овие сра*а“, додаде тој.

Инаку, извори блиски до Трамп изминативе денови зборуваа за гневот на Трамп што Меланија не му пружила јавна поддршка. Меланија не се појави на ниту едно судење во постапката против Трамп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK