По шпекулациите дека се разведува од Бен Афлек, Џенифер Лопез ја откажа турнејата

20230510_JLO_facebook.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Оваа година е дефинитивно турбулентна за славната Џенифер Лопез. Нејзиниот нов албум „This is Me…Now“ помина доста слабо на платформите „Spotify“ и „Apple Music“ и не успеа да се најде меѓу првите топ 20 апсолутно никаде во светот.

Нејзиниот последен албум излезе на 16 февруари годинава и, според реакциите на публиката, не беше преслушан како што се очекуваше. Дури 13 песни наидоа на незаинтересираност кај публиката.

Таа доживеа уште една непријатност во областа на актерството, бидејќи нејзините последни филмски продукции наидоа на негативни критики и од филмската критика и од публиката.

Изгледа дека и недостига и среќата и во љубовта бидејќи со денови се шпекулира дека ќе се разведе од Бен Афлек.

За нештата да бидат уште полоши, денеска беше објавено дека Џенифер Лопез ја откажала светската музичка турнеја. Во соопштението до кое дојде „Гардијан“ се наведува дека таа по своја волја се откажала бидејќи сака да се посвети на своите деца, семејството и пријателите, но на социјалните мрежи се шушка дека вистинската причина е што не успеала да го продаде потребниот број билети за да започне турнејата.

Џеј Ло веќе со месеци е предмет на озборувања и критики, некои поради потенцијален развод, некои поради нејзиното однесување. Имено, разни приказни, од нејзините соработници, го запалија интернетот, па пејачката во неколку наврати беше окарактеризирана како „непријатна“. Ја нарекоа и лажга затоа што нејзината школска другарка објавила на нејзиниот профил на „Тик-ток“ дека Џеј Ло немала тешко детство во Бронкс, какво што и’ го претставила на јавноста.

„Пукна и време беше“, „Сега знае дека никој не ја сака, џабе се труди“, „Сега е појасно зошто Мараја Кери не ја поднесува“, „Кој уште ја слуша Џеј Ло“, се само некои од злобните коментари на мрежите.

Сега веќе откажаната турнеја требаше да биде прва по пет години, посветена на соло албумот и на истоимениот филм „This Is Me…Now“. Првиот концерт од серијата се очекуваше на 26 јуни во Орландо, Флорида, а последниот на 31 август во Хјустон. На сите што купиле билети преку Ticketmaster, организаторите на концертот „Live Nation“ им ветиле враќање на парите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK