Борусија има договор со компанија која произведува оружје

Борусија Дортмунд потпиша тригодишен спонзорски договор со Рајнметал, производител на оружје. Логото на компанијата ќе биде испечатено на лиценцираните производи на Борусија веќе за финалето од Лигата на шампионите против Реал (сабота, 21 часот), ќе биде истакнато на билбордите на стадионот како и на прес-конференциите, но нема да биде на дресовите. Така Борусија стана првиот германски клуб кој има спонзорски …

Continue Reading

(Видео) Се прегрнале пред да ги однесе водата – Италија трага по тројца млади луѓе кои исчезнаа

Младо момче и две девојчиња биле однесени од водата по излевањето на реката Натисоне во провинцијата Удине во Италија, и им се губи секаква трага. Како што пишува локалниот портал „Удине тудеј“, станува збор за 21-годишна Италијанка и двајца млади луѓе со романско потекло. Засега не е утврдено зошто и како тројцата авршиле во реката. Спасувачките служби трагаат по нив, …

Continue Reading

Месечен хороскоп за јуни: Вагите би можеле да заминат на патување, а Близнаците ќе бидат главни во друштвото

Месечен хороскоп за јуни. Овен Често ќе бидете во движење, ќе брзате од еден до друг состанок и ќе поминувате многу време разговарајќи на телефон. Но, она што најмногу ќе ве окупира, сепак ќе бидат парите и решавањето на финансиските прашања. Работа – Би можеле да преземете некои мерки за да внесете поголема стабилност и сигурност во вашата финансиска состојба. …

Continue Reading

Одложен мечот меѓу Тајсон и инфлуенсерот Пол

Борбата меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол е одложена на неодредено време поради здравствени проблеми на легендарниот американски боксер. На Тајсон неодамна му се слошило додека се качувал на лет од Мајами за Лос Анџелес, а ситуацијата се влошила во воздухот. Ситуацијата стана доста драматична и беше неопходно итната медицинска помош да го чека веднаш по слетувањето. Американските медиуми објавија …

Continue Reading

Туск: Хакерскиот напад врз новинската агенција е намерата на Русија да ја дестабилизира Полска

Хакерскиот напад врз полската новинска агенција (ПАП) сведочи за намерата на Русија да ја дестабилизира ситуацијата во Полска пред изборите за Европскиот парламент, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск. „Уште еден многу опасен хакерски напад добро ја илустрира стратегијата на Русија за дестабилизирање на ситуацијата во пресрет на изборите за Европскиот парламент“, напиша Туск на мрежата „Икс“. Тој оцени дека …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: 15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ

Петнаесетти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „15 дена ниту министерот за здравство Илир Демири, ниту власта во заминување на СДС и ДУИ не преземаа ниту еден чекор за решавање на проблемот на Хирургија. СДС и ДУИ се 7 години на власт и не преземаа ништо за да се санира …

Continue Reading

Анчелоти потврди дека Куртоа ќе брани во финалето

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти по осми, а шести пат како тренер ќе учествува во финалето на Лигата на шампионите. Со Милан освои две титули како играч и две како тренер. Финалето против Борусија Дортмунд ќе му биде трето на клупата на Реал, а првите две ги доби. Од седумте досега, тој загуби само едно финале, онаа во 2005 година …

Continue Reading

Шефот на ОН го поддржа планот на Бајден за мир во Газа: „Да завршиме со оваа војна“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поддржа новиот предлог за запирање на војната во Газа, претставен од американскиот претседател Џо Бајден синоќа, а Хамас потоа сигнализираше негово одобрување. Бајден претстави план кој предлага шестнеделен прекин на огнот, преговори за условите за траен прекин на непријателствата и обнова на Газа. Палестинската милитантна група Хамас подоцна објави дека позитивно гледа …

Continue Reading

САД го повикаа Нетанјаху да одржи говор во Конгресот

Лидерите на двата дома на американскиот Конгрес го поканија израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се обрати на нивната заедничка седница. Републиканскиот претседател на Претставничкиот дом Мајк Џонсон денеска испрати официјална покана до израелскиот премиер да се обрати во Конгресот. Поканата беше потпишана од четворица водечки републиканци и демократи од двата дома. Датумот на кој израелскиот премиер треба да се обрати …

Continue Reading