Амал Клуни имала клучна улога во барањето за апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас, пишува „Гардијан“
Адвокатката за човекови права, Амал Клуни, беше специјален советник во истрагата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) кој бараше издавање налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас, пишува Гардијан. Весникот наведува дека главниот обвинител на судот, Карим Кан, и се заблагодарил на Клуни во изјава, велејќи дека таа е дел од „панелот на експерти за меѓународно …
Continue Reading
(Видео) Илјадници луѓе на погребот на загинатиот претседател на Иран, но има и такви кои ја слават неговата смрт
Почнаа обредите за погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште седуммина загинати во хеликоптерската несреќа, јавува Би-би-си. Првата церемонија е во Табриз во северозападниот дел на земјата, регионот во кој се случи несреќата во неделата. Илјадници луѓе излегоа на улиците на Табриз да го оплакуваат претседателот Раиси. Телото на Раиси се очекува да биде погребано во неговиот роден град …
Continue Reading
Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп
Синоќа по наредба на судија на претходна постапка извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети во Тетово и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители. Претресот е поради сомнеж дека Мемети заедно со врховниот судија, Наке Горгиев, имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање …
Continue Reading
Османи изрази задоволство за донесената одлука за отворање на Aмбасада на Казахстан во Скопје
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Казахстан во Република Северна Македонија, Сатибалди Буршаков. Министерот Османи изрази задоволство за донесената одлука за отворање на Aмбасада на Казахстан во Скопје, при што беше констатирано дека ваквиот потег ќе придонесе кон продлабочување на односите меѓу двете земји. Соговорниците …
Continue Reading
Ердоган против Евровизија: „На вакви настани стана невозможно да сретнеш нормален човек“
Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, рече дека Евровизија поттикнува „родова неутрализација“ и го загрозува традиционалното семејство. Во неодамнешното обраќање, Ердоган ги опиша учесниците на Евровизија како „тројански коњи на перверзијата на општеството“ и оцени дека неговата влада била во право што не испратила свој претставник на натпреварот од 2012 година. Оваа година победата на Евровизија ја освои швајцарецот Немо, …
Continue Reading
Македонска премиера на краткиот филм „Прошетка“
Низ солзи и смеа во новоотвореното кино „Киноверзум“ во Кисела Вода се одржа македонската премиера на краткиот филм „Прошетка“ на режисерката и сценаристка Елеонора Венинова. Низ емотивни излагања по филмот, членовите од екипата зборуваа за текот на снимањето и за предизвиците на снимање на филм во еден кадар. – Среќна сум што две години после снимањето и учествата на меѓународни …
Continue Reading
Турција прогласи ден на национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Раиси
Турскиот претседател, Реџеп Taјип Ердоган, синоќа изјави дека Анкара ќе прослави Ден на национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и другите кои загинаа во хеликоптерска несреќа, пренесе „Ројтерс“. „Одлучивме да прогласиме ден на национална жалост во нашата земја за да го споделиме длабокото страдање на иранскиот народ“, рече Ердоган за …
Continue Reading
Објавата на Бејби Лазања откри што прави по Евровизија, се фрли на создавање нова музика
Бејби Лазања откри што прави по Евровизија. На Инстаграм објави фотографија од музичко студио. Така стави до знаење дека по евровизиското лудило се фрли на создавање нова музика. Новиот албум на Бејби Лазања ќе се вика Demons & Mosquitos и ќе излезе оваа есен.
Continue Reading
Дел од неколку скопски општини без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат: · од 08:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од с. Студеничани. (Општина Студеничани) · од 09:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Ринхини и Езерци во нас. …
Continue Reading