71-годишен пензиониран кувар кој работел за дневница на прослава е загинатиот во лифт

Седумдесет и едногодишниот В.П. од Штип е починатиот кој вчера настрада во несреќа со лифт. Според неофицијалните информации кои ги пренесоа дел од медиумите, тој бил пензиониран кувар кој работел за дневница и непријавен на прослава во хотелот во кој се случила трагедијата. Во лифтот се носела храна, а кога се случила несреќата заедно со В.П бил и Т.О. (56) …

Continue Reading

Загинаа две лица, а пет се водат како исчезнати по судар на чамец и крузер во Дунав кај Будимпешта

Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција. Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица. Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на …

Continue Reading

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР. Состојбата на Фицо се подобрува, а лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица. Фицо беше тешко повреден на 15 …

Continue Reading

Нестабилно време со дожд и грмежи до среда

По врнежите и невремето по кое во текот на ноќта полавени беа подруми во Охрид, од УХМР најавуваат дека до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат …

Continue Reading

Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Од МВР денеска излегоа со подетални информации за сообраќајката во која учествувале четири автомобили, од кои два биле паркирани. „Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил ‘БМВ’ со скопски регистарски ознаки управуван од М.М.(45) од Скопје, автомобил ‘ауди’ со …

Continue Reading

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка во Кабинетот на претседателот на Комора за економски развој и инфраструктура, е една од наградените на манифестацијата „Најуспешни жени менаџерки за 2024“, организирана од агенцијата „Марили“. На свеченото доделување на наградите, што синоќа се одржа традиционално по 28-ми пат, статуетката „Жена водилка“, покрај Георгиева-Јовевска, ја добија и уште девет менаџерки од Р.С.Македонија и три …

Continue Reading

Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

Дороти Џин Тилман од Чикаго стана најмладата личност, на 17 години, што успеа да се здобие со докторска диплома за интегрирано бихевиорално здравје во Аризона. „Ова е прекрасна прослава и се надеваме дека Дороти Џин ќе инспирира повеќе студенти. Но, ова е нешто многу ретко и уникатно“, вели вонредниот професор Лесли Менсон. Кога повеќето ученици се обидуваат да се адаптираат …

Continue Reading

(Видео) Навивач на ПАОК го плукна Матијас Лесор

Големото дерби меѓу ПАОК и Панатинаикос во преполната сала „Палатаки“ во Солун заврши со инцидент. Матијас Лесор бесен го напуштил паркетот, пишува порталот „СДНА“, откако го плукнал еден од навивачите на црно-белите. Наводно, центарот на Панатинаикос со намера да се поздрави им пришол на група навивачи на Партизан, кои ги препознал меѓу поддржувачите на ПАОК, но еден од навивачите на …

Continue Reading

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и  Ѓорче Петров. Како што соопшти РЦУК – Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, …

Continue Reading