(Видео) „Немаме претензии кон Грција“ – Рама на собир со дијаспората во Атина откако доби дозвола од Мицотакис

Албанскиот премиер Еди Рама е во Грција, каде на собир одржан во Атина рече дека односите меѓу двете земји не можат „да се удават во лажица вода што ја носи секојдневната политика“, и дека Албанија нема претензии кон Грција.   Рама претходно доби дозвола од грчките власти за да одржи собир со албанските граѓани. Грчката опозиција се спротивстави на посетата …

Continue Reading

(Видео) Нов гол на Миовски за Абердин

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја продолжи гол-серијата во Премиер лигата на Шкотска. Миовски постигна еден гол во убедливата победа на Абердин кај Хибернијан. Миовски во 52.минута постигна гол за 3:0. За него ова беше 16.гол во шкотската Премиер лига, вкупно 26. во сите натпреварувања од почетокот на сезоната. Абердин се наоѓа на седмото место во Шкотска, до крајот на сезоната …

Continue Reading

САД: Израел нема убедлив план за заштита на цивилите во Рафа

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска ја бранеше одлуката за одложување на испораката на 3.500 бомби на Израел поради загриженоста дека тие ќе бидат користени во напад врз градот Рафа во јужна Газа, велејќи дека Израел нема убедлив план за заштита на 1,4 милиони цивили кои се засолниле таму. Зборувајќи за „Еј-би-си њуз“, Блинкен рече дека Џо Бајден останува посветен …

Continue Reading

Наследникот на Ципрас во СИРИЗА: Зошто Мицотакис моли да се почитува преспанскиот, а претходно велеше дека е предавнички

Стефанос Каселакис – претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА, кој дојде на местото на Алексис Ципрас реагираше откако претседателката Гордана Силјановска-Давкова ја нарече земјата Македонија, за време на свечената заклетва. Каселакис по тој повод повика на почитување на договорот. „Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да …

Continue Reading

Захарова: Евровизија ја надмина секоја оргија, ритуал на вештерки или ритуална сакрилегија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на својот Телеграм канал го коментираше овогодишното издание на Евровизија. „Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија, ритуал на вештерки или ритуална сакрилегија. Погребите во Западна Европа се одвиваат вообичаено. Без изненадувања“, напиша таа.

Continue Reading

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата. По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, двајцата остварија тет-а-тет средба. Пендаровски и Силјановска го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на …

Continue Reading

Фон дер Лајен: За ЕУ неопходно е почитување на обврзувачките договори, меѓу кои и преспанскиот

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен преку објава на социјалната мрежа „Икс“ порача дека почитувањето на Договорот од Преспа е обврзувачки за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија. „За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки …

Continue Reading

Украдени документи и компјутери во Управата за матични книги во Прилеп, сторителот непознат

Вчера  во полицијата било пријавено дека во период од 10 до 11 мај, непознат сторител упаднал во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда- Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп. „Сторителот украл документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери“, велат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Continue Reading

Тежок пораз на Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим

Новак Ѓоковиќ дожиева дебакл во третото коло на Мастерсот во Рим. Светскиот број 1, загуби од Алехдандро Табило за само 68 минути игра. Чилеанецот, инаку 32. на АТп листата го победи Ѓоковиќ со 6:2, 6:3. Во текот на целиот меѓ Ѓоковиќ имаше издание какво што неговите фанови не години наназад. Ѓоковиќ беше надигран во секој сегмент од играта, а треба …

Continue Reading