(Видео) Оклахома го доби Далас, Кливленд без шанси во Бостон

Кошаркарите на Оклахома поведоа против Далас во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција, откако го добија првиот натпревар со 117:95. Оклахома ја предводеше Шеј Гилџес-Александер со 29 поени, девет скока и девет асистенции. Чет Холмгрен постигна 19 поени, седум скока, три блокади и две украдени топки, а Џејлен Вилијамс имаше 18 поени со пет скока и пет асистенции. Во тимот …

Continue Reading

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

На 15 мај, по повод одбележувањето на Светскиот ден на семејството, БИМИЛК е домаќин на ексклузивен настан посветен на нејзините вработени-родители на деца до 12 годишна возраст, како и за психолозите, педагозите и дефектолозите во битолските предучилишни и училишни установи. Настанот, кој ќе се одржи во дворот на БИМИЛК, ќе биде еднодневен семинар предводен од д-р Ранко Рајовиќ, познат експерт …

Continue Reading

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, …

Continue Reading

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на избирачите, делење на бонови. Во сите наведени случаи се преземени и соодветни мерки од страна на полициски службеници. На 07.05.2024 Е.Д. од Крњево пријавил дека во домот дошле три лица од ДИК, со цел неговиот дедо да оствари право на …

Continue Reading

Популарноста на Америка опаѓа во светот, додека на Русија и Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и Кина расте, според Индексот за перцепција на демократијата за 2024 година. Анализирајќи околу 63.000 испитаници од 53 земји, индексот ги сумира ставовите кон демократијата, геополитиката и играчите на глобалната моќ. Политико известува дека меѓународната репутација на Америка е нападната од …

Continue Reading

Паркингот во Центар денеска е бесплатен

По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани. Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата …

Continue Reading

Изборниот ден е неработен за сите граѓани

Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија. Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат. Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена …

Continue Reading

Започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот. Во вториот круг од претседателските избори граѓаните ќе одлучуваат меѓу Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски. На парламентарните избори, граѓаните ќе можат да избираат помеѓу 17-те изборни листи, меѓу …

Continue Reading

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради несовесно постапување со документи класифицирани како тајни. Тоа е едно од четирите процеси што се водат против Трамп, а требаше да започне на 20 мај, но федералниот суд оцени дека тој рок е неодржлив поради бројните претходни …

Continue Reading