Во Швајцарија ќе се одржат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Швајцарската влада денеска соопшти дека во оваа фаза Русија не е меѓу 160-те делегации поканети на мировните преговори за Украина што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни. „Швајцарија е убедена дека Русија мора да биде вклучена во тој процес“, соопшти швајцарската влада. „Мировниот процес не е можен без Русија“. Швајцарската влада соопшти дека отсекогаш била отворена за …

Continue Reading

Арсовски од ЗНАМ: Ќе го департизираме секторот безбедност и ќе го решиме статусот на професионалните војници

Носителот на кандидатската листа за пратеници за ИЕ 3 од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Павле Арсоски денеска одржа прес конференција на која зборуваше за мерките од нивната програма за паралментарните избори, „Проглас за достоинствена Македонија“, а кои се однесуваат на безбедносните и разузнувачки служби. Арсоски нагласи дека ЗНАМ е политичка опција која во изминативе месеци ја бранува јавноста, …

Continue Reading

(Видео) Застрелани шест лица во Тексас, меѓу нив и деца

Најмалку шест лица на возраст од 3 до 19 години, од кои четири помлади од 15 години, се застрелани во станбена област во Форт Ворт, Тексас. Инцидентот се случил синоќа околу 19:30 часот кога полицијата добила дојава за пукање во западниот дел на градот, пишува „Еј-би-си Њуз“. „Кога полицијата пристигна на местото на настанот во 19 часот и 38 минути, …

Continue Reading

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве инспекторат (ДСЗИ) која од неа бара да им ги одземе пристапите на единаесетмина, чии договори за ангажирање истекле со истекот на 2023 година, но и покрај тоа доаѓаат на работа и се евидентираат во електронскиот систем. Бидејќи не ја почитувала …

Continue Reading

Америка тврди: Русите користеле хемиско оружје во Украина, прекршена е меѓународната конвенција

Соединетите Држави официјално ја обвинија Русија дека користи хемиско оружје како метод за војување против Украина и воведоа нови санкции за руски компании и државни органи. Во соопштението, американскиот Стејт департмент наведе дека утврдено е дека Русија употребила хемиско оружје хлоропикрин против украинските сили, што ја прекршува Конвенцијата за хемиско оружје (CWC). Се додава дека Русија користела и солзавец. „Употребата …

Continue Reading

Нема да се наплаќа паркирањето во Центар за време на Велигденските празници, извести ПОЦ

Паркирањето во oпштина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 03.05.(петок), 05.05. (недела) и 06.05.2024 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, извести ПОЦ. Согласно програмата за неработни денови за 2024 година на Министерството за труд и социјална политика, 04.05.2024 …

Continue Reading

Тешко повредена жена во Охрид, разбојник ја турнал и ја ограбил

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“, извести СВР Охрид. „Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84-годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки …

Continue Reading

Анадолу Ефес верува во Мијатовиќ

Хрватскиот тренер Томислав Мијатовиќ ја продолжи соработката со Анадолу Ефес, потврди од клубот од Истанбул. Мијатовиќ го презеде турскиот тим на почетокот на февруари, истиот ден кога беше објавено дека ќе си замине Ердем Џан. Во тој момент Ефес беше на 16. место во Евролигата, но до крајот на регуларниот дел успеа да се избори за место во плеј-ин. Таму …

Continue Reading

Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка

Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот. Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од …

Continue Reading