Продолжуваат преговорите за прекин на огнот: Делегација на Хамас наскоро во Египет
Делегација на палестинското движење Хамас наскоро ќе го посети Египет за понатамошни преговори за прекин на огнот со Израел, се вели во денешното соопштение на милитантната група. Во соопштението се додава дека лидерот на Хамас, Исмаил Ханије го потврдил „позитивниот дух на групата во проучувањето на предлогот за прекин на огнот“ во телефонски разговор со шефот на египетската разузнавачка служба …
Continue Reading
Маж насилно изваден од својот дом и со убодни рани оставен кај Транспортниот центар во Скопје
Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, 34-годишниот К.Б. од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач, извести МВР. „Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар …
Continue Reading
Драма на Крит: 18-годишно момче го обвини својот кум дека го силувал од 9-годишна возраст
18-годишно момче од Ираклион на Крит го пријавил својот кум (50) во полиција дека го силувал од девет до дванаесет години. Полицијата извесно време го истражувала овој случај, а по прибирање докази уапсила 50-годишен маж. Според сомнежите на полицијата, кумот под изговор дека „го учи музика“ успеал да остане сам со момчето. Неименуваниот млад човек се пожалил во полиција дека …
Continue Reading
Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец
СВР Штип поднесе кривична пријава против 53-годишниот Д.Д. и 54-годишниот П.Д., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР. „На 22.02.2024, по претходна расправија околу сообраќајот, пријавените физички нападнале полициски службеник“, соопшти МВР.
Continue Reading
Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко лице. Телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР, известуваат од СВР Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото …
Continue Reading
Ердоган: „Тие имаат само една цел – да не замолчат“
За западните демократии е срамно и скандалозно што екстремно десничарските движења во некои европски земји добиваат државна поддршка, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Фактот што во некои европски земји екстремно десничарските движења се поддржани од самата држава е трагедија, срамна и скандалозна за западните демократии“, рече Ердоган, пренесуваат тамошните медиуми. Тој нагласи дека Турција не може да молчи …
Continue Reading
На стакло од штаб на политичка партија во Центар испишан графит, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на стакло од штаб на политичка партија на подрачјето на Центар бил испишан графит, извести МВР. Се работи на расчистување на случајот.
Continue Reading
(Видео) Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер, бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче
„Ова писмо е доказ за злоупотреба на позицијата вицепремиер и државните ресурси во политичка кампања од страна на СДС. Имено Фатмир Битиќи, коносител во ИЕ 2 на 29 април 2024 година испраќа писмо злоупотребувајќи ја својата позиција како вицепремиер, и неговата обврска да работи за компаниите и бизнис секторот“, рече Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Битиќи …
Continue Reading
Нападнат осуденик во Идризово
Вчера во 23.40 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 17.30 часот во установата, осуденикот, 38-годишниот П.П. од Тетово бил нападнат со остар предмет од осуденикот Е.Н., извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading