Ердоган: „Тие имаат само една цел – да не замолчат“

Screenshot-2024-05-02-172202.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







За западните демократии е срамно и скандалозно што екстремно десничарските движења во некои европски земји добиваат државна поддршка, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Фактот што во некои европски земји екстремно десничарските движења се поддржани од самата држава е трагедија, срамна и скандалозна за западните демократии“, рече Ердоган, пренесуваат тамошните медиуми.

Тој нагласи дека Турција не може да молчи пред „гнасните“ акти на расистички тероризам и укажа на убиството на десетици турски граѓани во странство.

„Како земја чии граѓани беа жртви на расистички терористички напади, не можеме да молчиме за таквите настани“, рече Ердоган.

Нагласувајќи дека светот не реагира на случаите на исламофобични и расистички напади на ист начин како и на антисемитските дејствија, Ердоган рече дека „оние кои мавтаат лево-десно со извештаи за човековите права тивко ја гледале смртта на 35.000 Палестинци, од кои 15.000 биле деца“. Тој рече дека речиси ниту еден западен лидер не одговорил на оваа бруталност, освен „неколку совесни државници“, додавајќи дека „ниту една храбра душа не се појавила да му каже на Израел: „Доста е“.

„Згрозени сме од лицемерната политика на западните лидери пред масакрот во Газа. Тие со години ни држат лекции за демократијата и слободата“, рече Ердоган.

Потврдувајќи ја посветеноста на Турција да го задржи фокусот на израелскиот геноцид врз народот во Газа и покрај притисокот од „глобалното ционистичко лоби“, тој рече дека „не случајно во последно време има зголемени кампањи насочени кон нив и нивната земја“.

„Овие кампањи имаат само една цел: да не замолчат“, додаде тој.

„Сметам дека е корисно да ги потсетам оние кои нè таргетираат дека не можат да стигнат никаде со претворање на Турција во непријател. Не можеме да бидеме етикетирани како антисемитисти. Ние го отфрламе антисемитизмот на ист начин како што се спротивставуваме на исламофобијата, ксенофобијата и сите форми на културниот расизам“, рече Ердоган.

„Израелските интереси ги исцртуваат границите на западната демократија. Сè што влијае на интересите на Израел е антидемократско и антисемитско во нивните очи“, заклучи Ердоган.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK