Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина

Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија  неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом. Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк …

Continue Reading

(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус

Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0. Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто. …

Continue Reading

(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот

Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот. Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина …

Continue Reading

Брејк на Макаби во Атина

Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87. Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот. Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави …

Continue Reading

Повеќе од 130 лица беа приведени во Њујорк по антиизраелските студентски демонстрации

Повеќе од 130 лица се приведени во текот на ноќта во Њујорк пред просториите на Универзитетот NYU, по пропалестинските студентски демонстрации, соопшти вечерва полицијата. Њујоршката полиција за Франс прес прецизира дека сите приведени лица, од кои точно 133, потоа биле ослободени. Полицијата додаде дека добила покана од администрацијата на Универзитетот во Њујорк да интервенира и да ги евакуира демонстрантите. „Доколку …

Continue Reading

Хезболах го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала

ЛибанскиХезболах соопшти дека извршил напад со беспилотни летала врз израелските воени бази северно од градот Акра, во најдлабокиот напад на израелска територија од почетокот на војната во Газа. Израелската војска соопшти дека нема сознанија за некој од нејзините објекти погодени од Хезболах, но претходно  соопшти дека пресретнала две „воздушни цели“ во близина на северниот брег на Израел. Двете страни редовно …

Continue Reading

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело. Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот. Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите). Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу …

Continue Reading

Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена: Сакаат да го докажат добриот квалитет на водата за Олимписките игри

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри. Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули …

Continue Reading

Ендика немал срцев удар, може повторно да игра

Еван Ендика колабираше на теренот на Фриули, но не беше ништо сериозно, па му беше дозволено да се врати на теренот. Најпрво се чинеше дека играчот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска има проблеми со срцето. Сепак, тоа не беше така, а тренерот Даниеле де Роси откри дека се работи за белите дробови. – Тешко е да се справиме …

Continue Reading