Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата – „Ти си на ред“ и почнува утре во Градско, Битола и Пласница
Караванот на Државната изборна комисија е дел од кампањата „Ти си на ред“ и започнува утре со посета на Градско, Битола и Пласница, а ќе бидат опфатени преку 12 општини од територијата Република Северна Македонија. Како дел од овогодинешната едукативна и информативна кампања, ДИК во општините кои ќе ги посети ќе дели едукативен материјал, со цел да ги претстави гласачките …
Continue Reading
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече …
Continue Reading
Хаос во Романија: Ветрот собори билборди и дрвја, издадено предупредување за поплави
Бурата Рената стигна и до Романија, каде што беа издадени предупредувања за поплави поради силните бури и дождови. Издадени се предупредувања за поплави за реките во шест окрузи, додека половина земја е под метеоролошки предупредувања за невреме и дожд. На планините врнежите се претворија во лапавица и снег. Во средата наутро снежниот слој изнесуваше 52 сантиметри во туристичката област Балеа …
Continue Reading
Трипуновски: Директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку објава на „Фејсбук“ даде мислење за денешниот протест на вработените од сите подружници на ЈП Македонски Шуми. Вработените од ЈП Македонски Шуми протестираат бидејќи два месеци доцни платата и теренскиот додаток. Трипуновски вели дека Менаџментот на ЈПМШ има пари да се луксузира со набавка на нови возила и луксуз, …
Continue Reading
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основсно училиште во Гази Баба. Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни. Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Continue Reading
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“. На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во …
Continue Reading
Се запали угостителски објект во Прилеп, вработените го изгаснале пожарот
Вчера на улицата Трајко Николоски во Прилеп бил опожарен дел од фасадата на угостителски објект, сопственост на Т.Ц.(21) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат од вработените, а повредени лица нема, објави МВР во дневниот билтен. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп и се работи на расчистување на случајот.
Continue Reading
Млад охриѓанец со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци, па бегал и направил сообраќајка
Дваесет и четиригодишно момче од Охрид беснеело на магистралниот пат Охрид-Кичево. Според информациите од полицијата, тој во неделата, со своето возило „ренџ ровер“ се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија, по што побегнал. Кусо потоа на булеварот „Железничка“ предизвикал сообраќајна незгода. Против него поднесена е кривична пријава.
Continue Reading