Вчера на улицата Трајко Николоски во Прилеп бил опожарен дел од фасадата на угостителски објект, сопственост на Т.Ц.(21) од Прилеп.
Пожарот бил изгаснат од вработените, а повредени лица нема, објави МВР во дневниот билтен.
Увид извршила екипа од ОВР Прилеп и се работи на расчистување на случајот.