Силен земјотрес ја погоди Грција, тлото се тресеше и во Турција
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала околу 15 часот и 15 минути го потресе подрачјето на Додеканезите. Епицентарот на земјотресот бил недалеку од островот Суми, на длабочина од 20 километри. Земјотресот бил почувствуван и на островот Кос, а жителите на крајбрежните области на Турција исто така јавуваат дека почувствувале тресење на земјата. „Се тресеше и во Бодрум“, …
Continue Reading
Силувана малолетничка во Скопје, случајот го пријавила мајката
Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје, 35-годишната Е.Д. од Скопје пријавила дека малолетник од Скопје извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка, извести МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Османи на НАТО Министерски состанок во Брисел
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре патува за Брисел каде ќе учествува на НАТО Министерскиот состанокот. Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75-годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон. На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршката за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на …
Continue Reading
Малолетник нападнат во трговски центар во Гази Баба
Денеска во 10.45 часот во СВР Скопје, 33-годишната С.М.И. од Скопје пријавила дека на 01.04.2024 околу 18.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно женско лице, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Ограбена обложувалница во Центар
Вчера вечер, во 20.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Центар во Скопје едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Опожарен „голф“ во Струга, нема повредени
Денеска во 02.31 часот во СВР Охрид било пријавено дека во 02.25 часот на улицата „Елпида Караманди“ во Струга било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот А.Ш. од село Делогожда, струшко, извести МВР. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема, додаваат од МВР. Увид извршила екипа на ОВР Струга и се преземаат …
Continue Reading
Пендаровски го потпиша Кодексот за фер и демократски избори: Уверен сум дека целиот прцес ќе биде демократски, ќе водам културна и коректна кампања
Кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски во просториите на Државната изборна комисија го потпиша Кодексот за фер и демократски избори за Претседателските избори 2024 година. „Уверен сум дека имаме доволно политичка култура, пред сé ние како кандидати, да го одржиме нивото на дебатата и се разбира и мислам дека во целина ќе докажеме како држава уште еднаш дека сме …
Continue Reading
Дали властите веќе знаат дека едностраниот раскин на договорот за Казандол ќе чини половина милијарда евра отштета?
Подолг период во јавноста циркулира информацијата дека Македонија изгубила уште еден арбитражен спор заради одлуката на Владата еднострано да го раскине Договорот за концесија за експлоатација на бакар во Казандол, валандовско. Наводно, станува збор за астрономска отштета од околу половина милијарда евра, која од државниот буџет ќе треба да се префрлат на сметката на англиско-украинскиот конзорциум „Сардич МЦ“. Според сознанијата …
Continue Reading
Полицаец вршел психичко насилство врз своите малолетни деца, МВР му поднесе кривична
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против З.Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 и „неизвршување судска одлука“ по член 377 од Кривичниот законик. Додека, од Основниот граѓански суд со решение на З.Ц. му …
Continue Reading