Ковачевски: Европскиот пат не е лесен, ЕУ не беше фер, но нема откажување од европската иднина

Јас не знам која друга коалиција има повеќе право да каже дека е за Европа од нашата. Ние преку конкретни чекори покажавме дека за нас нема друга визија и друг пат освен европскиот, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина. -Јас …

Continue Reading

Движењето ЗНАМ ги утврди кандидатските листи за пратеници

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска информира дека органите на Движењето ЗНАМ, Извршниот одбор, а потоа и Централниот одбор со акламација ги утврдија кандидатските листи за пратеници во сите шест изборни единици“, рече портпаролот Никола Мемов на денешната прес конференција. „За разлика од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, каде што во голема мера ги номинираа досегашните пратеници во Собранието на Република …

Continue Reading

ДУИ ги потврди листите за пратеници и поддршката за Европскиот фронт и кандидатурата на Османи за претседател

Генералното собрание на Демократската унија за интеграција денеска во Тетово го одржа шестиот состанок на кој се расправаше за Европскиот фронт, претседателските избори и утврдување на кандидатските листи за пратеници. Претседателот Али Ахмети ги информираше членовите на Генералното собрание на ДУИ за формирањето на Европскиот фронт и заедничката програма на коалицијата за евроинтеграции и спречување на руските влијанија во нашата …

Continue Reading

Mалолетничка нападната од поранешниот дечко

Малолетна девојка била надпадната од страна на поранешниот дечко, 19 годишниот М.А. на подрачјето на Шуто Оризари. Случајот го пријавила мајката. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопјанец ја пријавил сопругата дека го нападнала

Маж ја пријавил во полицијата својата сопруга за физички напад. „Денеска (31.03.2024) во 02.00 часот во СВР Скопје 40 годишен маж пријавил дека на 30 март околу 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговата сопруга Љ.Ј.(35) од Скопје“, велат од МВР во дневниот билтен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Државјанин на Србија нападнал маж на бензинска пумпа во Валандово

Полицијата во Валандово го приведе српскиот државјанин М.С.(26), кој околу 1.30 часот на бензинска пумпа во селото Јосифово со остар предмет го нападнал А.С.(31) од село Пирава, Валандовско, нанесувајќи му повреди, констатирани од лекар во Итната медицинска помош Гевгелија. Српскиот државјанин бил задржан во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии …

Continue Reading

Четириесет и деветгодишен маж од Конче се сомничи дека силувал малолетничка

Полицијата го приведе Ј.К.(49) од село во општина Конче. Тој се сомничи дека во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од село во општина Конче. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, велат од МВР. По документирање на …

Continue Reading

Британскиот крал Чарлс присуствуваше на Велигденската богослужба

Британскиот крал Чарлс Трети присуствуваше на велигденската богослужба во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор. Чарлс пристигна со кралицата Камила. Ова е неговото најзначајно појавување во јавноста откако му беше дијагностициран рак во февруари, пренесува „Ројтерс“. На оваа служба традиционално присуствува целото кралско семејство, но оваа година тоа не беше случај. Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која неодамна почна со …

Continue Reading

(Видео) Мајката на Данка за снимката од Виена на која можеби е нејзината ќерка: „Не следам социјални мрежи“

Видео од девојче во Виена кое е во придружба на две Романки и неверојатно многу потсетува на исчезнатата Данка Илиќ се појави во медиумите, а српската полиција го проверува. По видеото, се огласи и нејзината мајка. „Немам видено никакво видео, не следам социјални мрежи“, рекла мајката Ивана за „Информер“, пренесе „Блиц“. Девојчето кое личи на исчезнатата Данка Илиќ е снимено …

Continue Reading