Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се искачи на 143

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека бројот на загинати во терористичкиот напад на Crocus City Hall во предградието на Москва се искачи на 143. Како што соопшти претходно денеска Рускиот истражен комитет, веќе се идентификувани телата на 84 жртви. Меѓу нив има пет деца на возраст од девет до 16 години. Нападот на концертната сала Crocus City Hall …

Continue Reading

Украинците погодија четири руски бродови во жесток ракетен напад

Во неделата, Украинците ја нападнаа руската Црноморска флота во Севастопол, во окупираниот Крим. Соработник на Форбс дава детална анализа на воениот потфат и последиците за двете страни. Првично беше кажано дека биле погодени два руски брода, но ажурираниот извештај на украинските власти вели дека во нападот биле погодени четири брода – со крстосувачки ракети „Storm Shadow“ или „SCALP-EG“, или можеби …

Continue Reading

Четири лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Четири лица пријавиле во полициска станица дека биле искасани од кучиња скитници вчера во Скопје. На 26.03.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, А.К.(24) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 26.03.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, И.А.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од …

Continue Reading

„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка

Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“. „Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една …

Continue Reading

Полицијата го прекина пребарувањето на теренот: „Јасно е дека Данка не е на ова подрачје“

Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесува српски Телеграф. Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на …

Continue Reading

19-годишник во Германија ги заклал родителите и братот, тешко ја повредил сестра си

Деветнаесетгодишник со нож ги убил братот и родителите и тешко си ја повредил сестрата во Хохентенген на германско-швајцарската граница, соопшти државното правобранителство во сојузната покраина Баден-Виртемберг. 19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година, а потоа и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер била пренесена во блиската болница. …

Continue Reading

Се уште не се знае каде се речиси стотина луѓе по терористичкиот напад во Москва

Деведесет и пет лица се уште се водат како исчезнати по минатонеделниот терористички напад во Москва, јавија денеска руските медиуми. Официјалниот биланс на загинати во нападот во Crocus City Hall сега е 140 мртви и 182 ранети. Порталот База, кој има добри врски со руските безбедносни служби, објави дека на списокот се појавиле уште 95 лица кои нивните семејства ги …

Continue Reading

Демири и Д-р Димитров: Продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години – младите лекари учат од експерти со докажано искуство

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска оствари средба со претседателот на Македонското лекарско друштво проф. д-р Горан Димитров на којашто разговараа за продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години и кои учествуваат во едукација на младите кадри на сите медицински факултети во земјава. Со оваа иницијатива и прифаќањето на оваа одлука ќе се овозможи континуирана …

Continue Reading

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски!

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на Аријан Хоџа, денеска во Гостивар, претседателот на ДУИ Али Ахмети одржа прес-конференција на која се потпишаа договор за коалиција со Бејџан Иљаз, претседател на Турската демократска партија (ТДП). „Охридскиот договор има потреба од сите политички партии да го променат политичкиот …

Continue Reading