Нападнат возач на автобус на ЈСП
Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 32-годишниот Џ.Х. од село Сарај, скопско, пријавил дека околу 18.40 часот во село Бојане, скопско, во автобус на ЈСП, каде извршувал работни задачи како возач, бил физички бил нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
39-годишен скопјанец донесен починат во „8 Септември“, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 02.16 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив бил донесен починат 39-годишниот А.Т. од Скопје, извести МВР. „Според пријавеното, тој претходно седел со неговиот колега Т.М.(54) од Скопје на подрачје на Лисиче и му се слошило, по што побарал од колегата да го однесе дома. Како што е пријавено, Т.М. …
Continue Reading
Премиерот на Англија реагираше откако Најк ги смени боите на знамето на новите дресови
Англиската фудбалска репрезентација ги претстави новите дресови, во кои ќе настапува на Европското првенство во Германија. Дресовите се во ретро стил, личат на оние од 1966 година, кога Англија беше светски шампион. Меѓутоа, во јавноста настана паника кога сфатија дека „Најк“ ја сменил бојата на знамето и крстот на Свети Ѓорѓи наместо во црвена е обоен во разни бои. Незадоволството …
Continue Reading
Комората на извршители да го испита случајот поврзан со новинар а во кој е инволвиран извршител од Гостивар, бара Министерството за правда
Министерството за правда побара од Комората на извршители да го испита случајот поврзан со новинар а во кој е инволвиран извршител од Гостивар. Според соопштението од таму доколку постои евентуално пречекорување на Законот за извршување и Кодексот на професионалната етика на извршителите, министерството бара да се преземат соодветни мерки. „Како Министерство за правда посочуваме дека извршителот е должен во однесувањето …
Continue Reading
Потпретседателот на Думата со предупредување до Париз: Проектилот пристигнува за две минути
Потпретседателот на Думата, Пјотр Толстој, потврди дека Москва ја разгледува и можноста за нуклеарен напад врз Париз во случај француските војници да влезат во Украина. Толстој за француската телевизија „BFMTV“ изјави дека проектил истрелан од Русија може да стигне до француската престолнина за нешто повеќе од две минути. Медиумите потсетуваат дека францускиот претседател Емануел Макрон претходно предупреди дека може да …
Continue Reading
Фетел ќе тестира за „Порше“
Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел ќе биде тест возач на „Порше“, во програмата за Ле Ман. Како што е соопштено, Фетел ќе го вози „Порше 963“ за тимот „Порше Пенске Мотоспорт“, како дел од 36-часовниот тест на патеката Арагон во Шпанија следната недела. „Порше“, додаде дека Фетел веќе го вози автомобилот на „кратката програмска сесија во четврток“ …
Continue Reading
Советот за безбедност на ОН не ja усвои резолуцијаta за итен прекин на огнот во Газа: Кина и Русија ставија вето
Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа, објави Гардијан. Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на ОН спонзорирана од САД со која се бара „итно и трајно примирје“ во војната меѓу Израел и Хамас во Газа за да се заштитат цивилите и да се дозволи доставување …
Continue Reading
Кривична пријава против поранешен градоначалник на Свети Николе за злоупотреба на службената положба
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе, С.В.(53), осомничен за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Како што соопшти МВР, тој во 2021 година за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населеното место Рудина, спротивно на законските одредби и со пречекорување на своите овластувања, спровел јавна …
Continue Reading
Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг
Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг, Германија, што се одржува од 21 до 24 март. Таа ќе учествува на настанот „Поезија за неприпаѓањето. Лирски импресии од Северна Македонија“ што ќе се одржи во сабота (23 март) со почеток во 15 часот. Авторката ќе ја претстави поетот Никола Маџиров. Маџиров ќе го претстави неговиот текст …
Continue Reading