Се очекува намалување на цените на храната и зголемување на квалитетот на производите, изгласан Законот за забрана на нефер трговски практики
Собранието на Република Северна Mакедонија на денешната седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Со Законот се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи. Неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со …
Continue Reading
Костадиновска-Стојчевска: Со 11 милиони денари градиме Дом на културата во Чучер Сандево
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Чучер Сандево, промовирајќи го проектот поддржан од Програмата за капитални дотации за оваа општина, рече дека Чучер Сандево добива нов Културен дом „Сандево“, со што се продолжува традицијата на Партизанскиот дом „Сандево“. Костадиновска-Стојчевска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и градоначалникот на Општината, Сашко Комненовиќ, извршија увид на проектот и локацијата …
Continue Reading
Собранието го донесе Законот за канцеларија за поврат на имот
Собранието го донесе Законот за канцеларија за поврат на имот. Со новиот Закон, чиј предлагач е Министерството за правда, АРО Канцеларијата ќе има надлежност да презема активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство во врска со домашен државјанин или резидент во Република Северна Македонија, лице без …
Continue Reading
Путин: Трамп ме праша дали сакам да победи поспаниот Џо
Владимир Путин изјави дека Доналд Трамп го искарал затоа што „сочувствувал“ со актуелниот американски претседател Џо Бајден. Во интервју за државната новинска агенција РИА и за телевизискиот канал „Русија-1“, рускиот претседател беше прашан што мисли за сопствената улога во предизборната кампања во САД. Интервјуто го водеше Дмитри Кисељов, пропагандист во Кремљ, кој Путин го назначи за шеф на државната медиумска …
Continue Reading
Џафери: Периодот на набавката на автомобилите не е поврзан со изборите, туку со времетраењето и километражата
Набавката на службените автомобили на лизинг е пракса со години, и соодветните анализи покажале дека трошоците со лизингот се помали, изјави премиерот Талат Џафери прашан за набавката на 45 нови возила на Владата. „За периодот на лизинг колку што трае, гаранцијата и одржувањето е на давателот на услугата, а не на побарувачот. Во тој контекст по пет години ако останат …
Continue Reading
Се преврте цистерна со плин, возачот е пренесен во клиничката болница во Битола
Во 09.30 часот од страна на РЦУК Прилеп е известено за случена сообраќајна незгода во близина на село Вашарејца – Битола. Превртена е цистерна со плин. Известени се ТППЕ Битола којашто прати четири пожарникари со едно противпожарно возило, а МВР Битола се веќе на терен. Како што извести ЦУК, возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во клиничката …
Continue Reading
„Не ми е важно каде ќе ја дочекам разрешницата, на два света сум“, рече таткото на Вања на денешната седница во Врховниот суд
Во Врховниот суд на денешната јавна седница за жалбата против продолжување на мерката притвор за Александар Ѓорчевски, таткото на 14-годишната Вања кажа дека не му е важно каде ќе ја дочека разрешницата на случајот. „Јас сум на два света во моментов. Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде ќе ја дочекам оваа разрешница. …
Continue Reading
Израелски функционер: Нетанјаху е лут на Бајден и ЦИА
Израелски функционер рече дека премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучил да се соочи со американскиот претседател Џо Бајден и дека односите меѓу двете страни се приближуваат до точка од која нема враќање. Израелскиот Канал 12 цитираше висок израелски функционер дека Нетанјаху е лут поради извештајот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) кој укажува на можноста израелскиот премиер да ја загуби власта. Израелскиот функционер …
Continue Reading
Уапсени членови на бандаа која ограбувала фудбалери во Мадрид
Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила шест членови на банда која ограбувала куќи на фудбалери во Мадрид и околината. Во соопштението на полицијата се вели дека групата ги избрала своите жртви откако ги проучувала фотографиите и видеата од домовите објавени на социјалните мрежи од самите фудбалери, членови на семејството и нивните пријатели. Не се соопштуваат имињата на фудбалерите кои биле …
Continue Reading