Собранието го донесе Законот за канцеларија за поврат на имот

ВМРО-ДПМНЕ-поднесе-250-амандмани-на-предлог-буџетот-за-2024-година.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Собранието го донесе Законот за канцеларија за поврат на имот.

Со новиот Закон, чиј предлагач е Министерството за правда, АРО Канцеларијата ќе има надлежност да презема активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство во врска со домашен државјанин или резидент во Република Северна Македонија, лице без државјанство или странец, како и за потребите на постапката за конфискација без утврдување на кривична одговорност регулирана согласно закон, што произлегле или се во врска со кривичните дела опфатени со член 6 од овој закон.

Со неговото донесување и функционирањето на Канцеларијата за поврат на имот согласно меѓународните стандарди ќе се преземат значајни активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство.

Со законот се уредува основањето, надлежностите, организациската структура и финансирањето на Канцеларијата за поврат на имот, соработката со домашни органи и институции, соработката со странски држави и електронската интегрирана база на податоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK