Се преврте цистерна со плин, возачот е пренесен во клиничката болница во Битола

ЦУК-Активни-пожари-на-отворено-до-утрово-нема-на-112.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во 09.30 часот од страна на РЦУК Прилеп е известено за случена сообраќајна незгода во близина на село Вашарејца – Битола. Превртена е цистерна со плин. Известени се ТППЕ Битола којашто прати четири пожарникари со едно противпожарно возило, а МВР Битола се веќе на терен.

Како што извести ЦУК, возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во клиничката болница во Битола од страна на Итна медицинска помош.

За подигање на цистерната се чека механизација, додаваат од ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK