(Видео) Пет години по смртта, објавени нова песна и видеоспот на Оливер Драгоевиќ

Поминаа пет години од смртта на Оливер Драгојевиќ, а неговото семејство реши да објави една од неговите необјавени музички нумери, како вовед во албумот кој ќе следува есенва. „Со заминувањето на Оливер, наследивме се што тој создаде во текот на неговата долга кариера, а од која произлезе огромна одговорност кон неговото наследство, но и кон неговите обожаватели кои секогаш го …

Continue Reading

Војник во Германија уби четири лица, меѓу кои и едно дете

Германски војник на Бундесверот е осомничен дека убил четири лица во областа Ротенбург во Долна Саксонија пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и обвинителството. Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете. Убиствата се извршени на две локации – во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и во Ботел во областа Ротенбург. …

Continue Reading

Македонија2025 – отворен повик за ЛИДЕР – Програма за развој на бизниси и млади претприемачи

Македонија2025 го објави отворениот повик за проектот ЛИДЕР – Програма за развој на бизниси и млади претприемачи, кој по 16-ти пат ќе се одржи од 15-ти до 26-ти април 2024 година во Скопје. Проектот го реализираме во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат програмата уште од 1991-та година. Оваа програма претставува десетдневна MBA (Management and …

Continue Reading

(Видео) „Се јавуваат во мртовечниците и им се закануваат да не го преземаат телото“, остануваат уште неколку часа до погребот на Алексеј Навални

Поранешниот руски опозициски лидер Алексеј Навални треба да биде погребан денеска, но членовите на неговиот тим тврдат дека се уште се соочуваат со тешкотии при организирањето на церемонијата. Неговата портпаролка Кира Јармиш потврди дека не успеале да најдат погребна кола за да го однесат телото во црквата. „Родните пристигнаа во мртовечницата во 10 часот, кога требаше да го предадат телото …

Continue Reading

Маричиќ од Рим: Италија е уште еден голем поддржувач на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Денес и утре, првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ е во официјална посета на Рим, Италија, каде што ќе оствари повеќе средби со претставници од италијанската влада. Маричиќ се сретна со заменик министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Едмондо Чириели. На средбата со заменик министерот Чириели беа зацврстени и потврдени ставовите на …

Continue Reading

Едукативен настан: Истражувањата покажуваат дека екстрактите од канабис имаат голем потенцијал во третманот на различни заболувања

1.03.2024, Скопје – Најновите трендови и резултати од истражувањата за употребата на канабисот во медицински цели беше тема на вчерашниот едукативен настан, која се одржа под наслов „Клиничката перспектива за медицинската употреба на масло од канабис (CBD/THC), во третман на болка“. Во рамките на настанот домашни и странски експерти, покрај презентацијата на најновите истражувања кој во повеќе земји се во …

Continue Reading

Партијата Левица исклучи тројца членови, тврди дека нема раскол туку сакале да го саботираат процесот на собирање потписи

Политичката партија Левица објави дека ги суспендирала и исклучила од членство претседателот на Советот на Општина Карпош – Бранко Ристов; неговата партнерка Живанка Морис – поранешна координаторка на Левица-Дијаспора и советникот во Општина Аеродром – Дарко Масларковски (а.к.а. Пука Козметика). Дисциплинската одлука, како што наведуваат од партијата, е донесена заради превенирање на обидите за роварење на надворешни структури поддржани и координирани …

Continue Reading

Тен Хаг: Фулам треба да му се извини на Фернандеш

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, изјави дека Фулам треба да му се извини на Бруно Фернандеш за видеото што го објави админот на нивниот профил на „ТикТок“, на кој го исмева фудбалерот. На снимката Фернандеш паѓа и покажува дека е повреден, што многу фанови го сметаа за симулација, а на профилот на Фулам „ТикТок“ беше објавено истото видео …

Continue Reading

Расчистено убиството во Прилеп, приведени двајца

Денеска во 04.00 часот во село Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и 21-годишниот В.Т., двајцата од село Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“, извести МВР. „Имено на 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што …

Continue Reading