(Видео) Пет години по смртта, објавени нова песна и видеоспот на Оливер Драгоевиќ

Видео-Пет-години-по-смртта-објавени-нова-песна-и-видеоспот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Поминаа пет години од смртта на Оливер Драгојевиќ, а неговото семејство реши да објави една од неговите необјавени музички нумери, како вовед во албумот кој ќе следува есенва.

„Со заминувањето на Оливер, наследивме се што тој создаде во текот на неговата долга кариера, а од која произлезе огромна одговорност кон неговото наследство, но и кон неговите обожаватели кои секогаш го придружуваа на неговото патување. Чувствувавме потреба да ги обединиме песните што останаа необјавени, а со помош на соработниците и пријателите на Оливер го подготвивме овој албум водејќи се од неговите критериуми и афинитети. Добро е познато дека тој беше скромен човек, но кога стануваше збор за музика, секогаш го бараше максимумот од себе. Со помош на неговата долгогодишна издавачка куќа Aquarius Records, целиот албум ќе биде подготвен за издавање есента 2024 година“, соопшти неговото семејство.

Спотот за песната го направи Матко Петриќ, кој многупати соработувал со Оливер и најдобро го познава неговиот визуелен сензибилитет. Посебно емотивен момент е појавувањето на внукот на Оливер, Тони во видеото, што особено се вклопи во оваа приказна за носталгијата и сеќавањето на еден од најголемите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK