Разменети 200 руски и украински затвореници, со посредство на Емиратите
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска објавија дека успеале да посредуваат за ослободување на 100 руски воени заробеници во замена за 100 украински воени заробеници. Руското Министерство за одбрана на Телеграм ја објави веста за „хуманитарно посредување“ од ОАЕ, а истото го соопшти и украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинското тело за следење на размената на воени заробеници. Министерството за надворешни …
Continue Reading
На скопскиот аеродром запленети 185 илјади норвешки круни кај патник
Запленети 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата на скопскиот аеродром не ги пријавил кај царинскиот орган. Патникот, инаку норвешки државјанин со потекло од Косово, со себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни што царинските службеници ги пронајдоа при контрола на скенер. Согласно Законот за девизно работење му се вратени 120 илјади норвешки круни, а …
Continue Reading
(Видео) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви
Најмалку четири лица загинаа во немири во северна Индија, откако властите урнаа џамија, тврдејќи дека е незаконски изградена, пишува Би-би-си. Насилството избувна во градот Халдвани во провинцијата Утараханд, по операцијата за уривање џамии и други нелегални објекти. Властите рекоа дека операцијата била започната за отстранување на нелегалните структури, вклучително и џамија и соседна медреса (верско училиште). This is not Baghdad …
Continue Reading
Си-ен-ен: Најдобриот ден за Доналд Трамп оваа година
Доналд Трамп го имаше најдобриот ден во 2024 година досега, пишува „Си-ен-ен“ и наведува три добри работи што му се случиле на Доналд Трамп, а кои би можеле значително да му помогнат во претстојната трка за Белата куќа. Сеќавањето на Бајден и криењето на доверливи документи Поранешниот претседател доби политички подарок од истрагата во која специјалниот советник на Министерството за …
Continue Reading
(Видео) Коби Брајант доби статуа пред арената Лејкерс
Лос Анџелес Лејкерс ја открија статуата на Коби Брајант на Стар Плаза пред нивната Крипто Арена. Брајант им се придружи на Меџик Џонсон, Карим Абдул-Џабар, Елгин Бејлор, Џери Вест, Чик Херн и Шекил О’Нил како легенди на Лејкерси за да ја примат статуата. Брајант загина во хеликоптерска несреќа пред четири години. Тој ги помина сите 20 сезони во НБА со …
Continue Reading
„Путин го искористи Такер Карлсон“ – бурни реакции на првото интервју на рускиот лидер за западен медиум од почетокот на војната
Интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин кое во Москва го даде на американскиот новинар Такер Карлсон предизвика бројни реакции ширум светот. Првото интервју на рускиот претседател со западните медиуми од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, кое беше објавено на полноќ на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), беше прегледано од повеќе од 30 милиони луѓе за само …
Continue Reading
(Видео) Иранец со секира држел заложници во воз во Швајцарија, полицијата го уби по четири часа
Швајцарската полиција соопшти дека 32-годишен ирански барател на азил вооружен со секира и нож држел 15 заложници во воз меѓу Булм и Ивердон-ле-Бен во кантонот Вауд речиси четири часа додека полицијата не упаднала во возот и го убила. „Сите заложници се ослободени неповредени. Човекот кој ги држел заложниците бил смртно ранет при интервенцијата, соопшти полицијата“, пренесе Ројтерс. #suisse #yverdon #prisedotage …
Continue Reading
Џафери: Владата функционира целосно и непречено
Премиерот Талат Џафери во интервју за „Дојче Веле“ се осврна на предложените промени во составот на техничката Влада која тој ја предводи при што истакна дека Владата функционира целосно и непречено, а во рамки на надлежноста. „Владата функционира потполно. Преземени се активности и мерки по однос на решавање на статусот на дел, односно на членови на Владата соодветно на процедурата …
Continue Reading
Kандидатот за претседател на Финска: Зошто сега одеднаш се зборува за мојата сексуалност
Финскиот претседателски кандидат Пека Хаависто вели дека неколку дена пред изборите во недела, неговата сексуалност била во фокусот на медиумите и ги обвинува новинарите на јавните телевизии. 65-годишниот поранешен министер за надворешни работи, кој би станал првиот „зелен“ и прв геј претседател на Финска доколку победи, вели дека е изненаден од начинот на кој неговата сексуалност станала прашање на јавен …
Continue Reading