Kандидатот за претседател на Финска: Зошто сега одеднаш се зборува за мојата сексуалност

Kандидатот-за-претседател-на-Финска-Зошто-сега-одеднаш-се-зборува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Финскиот претседателски кандидат Пека Хаависто вели дека неколку дена пред изборите во недела, неговата сексуалност била во фокусот на медиумите и ги обвинува новинарите на јавните телевизии.

65-годишниот поранешен министер за надворешни работи, кој би станал првиот „зелен“ и прв геј претседател на Финска доколку победи, вели дека е изненаден од начинот на кој неговата сексуалност станала прашање на јавен интерес во вториот круг од изборите.

Меѓународната безбедност и одбрана се висок приоритет во земјата која се приклучи на НАТО минатата година поради Русија. Финскиот претседател е врховен командант на армијата и заедно со владата ја обликува надворешната политика.

Кога Хаависто за прв пат се кандидираше за претседател во 2012 година, гласачите разговараа за неговиот сексуален идентитет, но тој смета дека овој пат тоа не било толку истакната тема, барем не на почетокот.

Вели дека откако поминал во вториот круг, новинарите, особено оние од националната ТВ станица Yle, ја потенцирале дискусијата на таа тема.

Од неговиот дом во Хелсинки, каде што живее со својот партнер Антонио Флорес, тој рече: „Некои новинари во Yle, националниот радиодифузер, го покренуваат ова прашање на изненадувачки силен начин во вториот круг од гласањето. Мислам дека многу луѓе се изненадени од тоа. Ова е трет пат да се кандидирам на избори. Во првиот круг тоа не беше тема, па како доаѓа во фокусот во вториот круг?“, рече тој, додавајќи дека гласачите за тоа зборуваат многу помалку отколку во 2012 година, кога тој се кандидираше за прв пат.

Истражувањето на Универзитетот во Хелсинки покажа дека една третина од гласачите не би гласале за Хаависта бидејќи тој е геј. Последната анкета на Yle покажа дека Хаависто го достигнува Стуб, поранешен премиер и член на централно-десничарската владејачка партија, но сепак заостанува со 46-54 отсто.

Друга тема за која разговараа Финците во последните денови беше нуклеарното оружје, при што Стуб и Хаависто не се согласуваат за потенцијалниот став на Финска. Хаависто е против нуклеарното оружје, што е во согласност со законот кој забранува увоз во земјата. Од друга страна, Стуб вели дека законот треба да се промени.

Додека и двајцата кандидати имаат широка поддршка, онаа на Стуб е посилна кај пензионерите, а гласачите на Хавист се главно помлади.

„Тоа ќе биде тешка битка“, рече Хаависто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK