Левица: Блокиравме Закон наменет за да може урбанистичката мафија да продолжи со малверзации
Левица успешно ги блокираше штетните измени на Законот за урбанистичко планирање кои на шверцерски начин беа предложени од страна на ДПМНЕ и поддржани од СДС и ДУИ, информираа од оваа партија. „Нивното барање е роковите за започнатите постапки за донесување, како и постапките за изменување и дополнување на урбанистичките планови за кои е одобрена планска програма до денот на отпочнување …
Continue Reading
Николовски: Сточарите оваа недела на своите сметки да ја очекуваат исплатата на 30 проценти од основните субвенции
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој беше во работна посета на Берово, во изјава за медиумите истакна дека постојано се на терен, директно разговарајќи со секој еден земјоделец, слушајќи го нивниот глас и заедно креирајќи мерки за поддршка на секој земјоделец. „Така креираните мерки докажано даваат резултати“ нагалси Николовски. „Сточарите во текот на оваа недела на своите …
Continue Reading
Документацијата и парите обезбедени, реконструкцијата на Универзална сала започнува, најави Костадиновска-Стојчевска
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата за резултатите од Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2024 година, на новинарско прашање за тоа кога ќе започне реконструкцијата на Универзалата сала најави дека Министерството за култура го изоде потешкиот пат, но го заврши процесот и реконструкцијата може да започне следната недела. „Одата заврши. Изодевме по подолгиот и …
Continue Reading
Вагони од товарен воз излетале од шините во северниот дел на Њујорк
Десет вагони од товарен воз кој превезувал пластични пелети и масло за јадење излетале од шините во северниот дел на Њујорк. Два од вагоните завршија во реката, соопштија денеска градските власти. Нема пријавени повредени и нема опасни материјали, изјави претходно денеска Том Кјуба, портпарол на компанијата Berkshire & Eastern. „Два вагона паднаа во реката Хјусик, од едниот истече мала количина …
Continue Reading
80-годишен маж починал во пожар во Карбинци
Вчера во 11.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Оџалија, општина Карбинци, настанал пожар во штала, сопственост на А.С.(80) од селото. Притоа, со повреди се здобил сопственикот и починал на местото. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
Continue Reading
Благодарници од Сојузот на здруженија на пензионери за Клиника Жан Митрев
-
Новинар
-
February 8, 2024
-
Бизнис и економија
-
0 Comments
За покажаната грижа, нега и бесплатните кардио прегледи спроведени со здравствениот караван „Здравје за сите“, претставници на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија доделија благодарници на Клиника Жан Митрев и на докторите кои ги спроведуваа прегледите. Благодарниците беа доделени од страна на претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова, како и претседателите на здруженијата од сите градови од Македонија. …
Continue Reading
Почината жена пронајдена во нејзиниот дом во Струга
Вчера вo 17.10 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во домот во кој живеела во Струга била пронајдена почината П.А.(73) од Струга. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, соопшти полицијата. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Continue Reading
Го грабнале и го присилиле да потпише договор за продажба на стан: кривична за тројца скопјани
СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Н.Б.(53), Н.Х.(26) и Т.Љ.(21), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“. На 28.06.2023 во Скопје, пријавените со закана со огнено оружје и употреба на физичка сила го извадиле Џ.Б.(47) од неговото возило и го однеле во напуштена куќа каде го присилиле да потпише …
Continue Reading
Лога во Анкара: разговарано за екстрадицијата на Љупчо Палевски
На средбата со министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч се разговараше и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски. Министерот за правда Кренар Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури. По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава, …
Continue Reading