(Видео) Снежен колапс во Кина: автомобили со денови заглавени на патиштата, има и жртви

Замрзнатиот дожд, снегот и мразот го попречуваат сообраќајот во централна и источна Кина, додека милиони луѓе патуваат дома пред празникот на пролетниот фестивал, во студеното време што зафати делови од земјата во изминатата недела и уби најмалку две лица. Едно лице во Хубеи и друго во јужната провинција Хунан загинаа кога натстрешници на пазарите на фармерите се урнаа под силниот …

Continue Reading

Савио од Џирона ќе се пресели во Манчестер сити

Еден од најдобрите играчи на Џирона кариерата ќе ја продолжи во најуспешниот тим чии сопственик е „Сити групата“, Манчестер сити. Џирона моментално е втора на табелата во Примера, со два бода помалку од Реал Мадрид и шест повеќе од Барселона, а еден од најдобрите и најопасните играчи на овој тим, 19-годишниот Савио Мореира, ќе се пресели во Манчестер сити. За …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа

Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра. Со СДС и …

Continue Reading

Османи од Рим: Членство во ЕУ пред 2030 и шест милијарди евра за наредните години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и “Пријателите на Западен Балкан”, што се одржа во Рим, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани. Во обраќањето на сесијата “Заедничка работа за забрзување на евроинтегративниот процес на Западен Балкан”, Османи нагласи дека поставувањето на јасна визија за …

Continue Reading

Халанд: Мојот спортски херој е Ѓоковиќ

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд откри дека негов омилен спортист е Новак Ѓоковиќ. Норвежанецот во еден подкаст изјави дека неговиот спортски херој е првиот играч во светот и освојувач на 24. Грен слем титула. Потоа објасни зошто изборот паднал на Србинот. „Го сакам Ѓоковиќ. Мислам дека е добар. Тој е уникатен и тоа што го постигна е неверојатно. Дојде …

Continue Reading

Хејли: „Доналд Трамп е стар, збунет и премногу склон кон изливи на гнев“

Ники Хејли, кандидатката на републиканските избори за номинација на претседателските избори во САД, проговори за Доналд Трамп. Таа рече дека нејзиниот противник Доналд Трамп е „премногу стар, премногу збунет и премногу склон кон изливи на гнев“ за да биде претседател. Поранешната гувернерка на сојузната држава Јужна Каролина, единствениот противник на Трамп, ја интензивира кампањата, во пресрет на дуелот со него …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Со власта на ДУИ и СДС здравството е во колапс, потребен е целосен рестарт

Со власта на ДУИ и СДС здравството е во колапс. Никогаш не било полошо. Затоа е потребен целосен рестарт и подобрување во три клучни сегменти во здравствениот систем, ефикасност, ефективност и економичност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Еден од врвните приоритети, според нив, е инвестирањето во здравствената инфраструктура. „Завршување на Клиничката болница во Штип, која што треба да прерасне во универзитетска клиничка …

Continue Reading

Мицкоки не може да направи ништо за земјата, влезот во Владата ги покажа сите негови лаги, велат од СДСМ

Според СДСМ, Мицкоски ги излажа граѓаните. „Како што ДПМНЕ влезе во Владата така на виделина излегоа сите нивни лаги и целата нивна неспособност. Мицкоски велеше дека прифаќа учество во широка Влада, но само без ДУИ. Се случи токму спротивното. ДПМНЕ влезе во влада со ДУИ. Мицкоски и ДПМНЕ говореа дека можат да ги убедат земјите членки на ЕУ да ја …

Continue Reading

Бројот на загинати во пожарите во Чиле се искачи на 122 лица, стотици луѓе се водат како исчезнати

Бројот на загинати во шумските пожари што беснеат низ централно Чиле се искачи на 122 лица, а екипите за брза помош сè уште наоѓаат тела закопани во урнатините три дена по избувнувањето на пожарот. Пожарникарите и војската ги расчистуваат урнатините во станбените области на крајбрежните градови Валпараисо и Вина Дел Мар, каде пожарот за неколку минути ги зафати домовите, пренесува …

Continue Reading