Мицкоки не може да направи ништо за земјата, влезот во Владата ги покажа сите негови лаги, велат од СДСМ

СДСМ-Мицкоски-и-ДПМНЕ-да-одговорат-за-скандалот-со-кумската.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Според СДСМ, Мицкоски ги излажа граѓаните.

„Како што ДПМНЕ влезе во Владата така на виделина излегоа сите нивни лаги и целата нивна неспособност.

Мицкоски велеше дека прифаќа учество во широка Влада, но само без ДУИ.

Се случи токму спротивното. ДПМНЕ влезе во влада со ДУИ.

Мицкоски и ДПМНЕ говореа дека можат да ги убедат земјите членки на ЕУ да ја променат преговарачката рамка за Македонија. Дека можат да издејствуваат промена на францускиот предлог и подобар договор.

Сега ДПМНЕ велат дека не можат една амбасада на земја членка на ЕУ да убедат да го промени ставот“, реагираат од владејачката партија.

Мицкоски, според нив, не може ништо да издејствува позитивно за земјата, за граѓаните, ниту за македонскиот народ.

„Велеа дека ќе се асимилираме и бугаризираме, дека македонскиот јазик ќе стане дијалект на бугарскиот, дека великанот Делчев ќе го загубиме.

Ништо од ова не се случи. Напротив.

ДПМНЕ и Мицкоски го лажат својот народ, своите граѓани“, се истакнува во напишаното од страна на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK