ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа

За-време-на-празниците-да-работат-продавниците-штандовите-и-киосците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра.

Со СДС и ДУИ, Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на минималната плата.

Со СДС и ДУИ сите земји ја претркаа Македонија.

Животниот стандард на граѓаните од ден во ден е се полош“, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, доволно е да се погледне минималната плата и ќе се види дека СДС и ДУИ ја уништија државата.

Власта, според оваа партија, не создаде услови платите да растат и да се генерира реален раст, ја угуши економијата со криминал и корупција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK